Економија
Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

Минитерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со заменик-амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на СР Германија во Скопје, Ото Граф, на која разговараа на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
Соговорниците разговараа за законското решение недела ден на неделен одмор, со кое се предвидува денот недела да биде неработен ден за сите освен за оние дејности каде поради техничко-технолошки причини процесот не смее да биде запрен, како и за исклучоците кои се наведени во законот.
Тренчевска појасни дека законското решение предвидува и дека одредени линии во одделни дејности можат да работат доколку се од витално значење за функционирање на компанијата. Како и дека, работењето во недела треба задолжително да биде пријавeно во Државниот инспекторат на трудот, електронски на веб-страницата на инспекторатот.
На средбата се разговараше и за социјалната инклузија на лицата со попреченост на пазарот на труд.
„Владата и Министерството се залагаат за поголема вклученост на лицата со попреченост на пазарот на труд. Министерството подготвува законско решение кое е во насока на унапредување на правата на лицата со попреченост во смисла на вработувањето. На носењето на ова законско решение ќе претходи широка јавна дебата со сите засегнати чинители во општеството, со цел креирање заедничко решение кое ќе одговори на потребите во општеството“, истакна Тренчевска.
На средбата се отвори и темата за социјалната состојба на граѓаните, на што министерката даде осврт на досегашните преземени мерки на Владата кои ја потврдија својата ефикасност, наменети за ранливите категории граѓани и компаниите погодени од кризата. Таа информираше дека со ребалансот на буџетот се предвидени дополнителни средства за мерки кои ќе го олеснат премостувањето на економската и енергетска криза, особено за зимата која следи, а за која се очекува да биде тешка.
Соговорниците изразија уверување дека добро воспоставената соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Купете свеќи“- Швајцарија, една од најбогатите земји во Европа се подготвува за недостиг на струја

Граѓаните на Швајцарија треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели шефот на енергетскиот регулатор Вернер Лугинбил за Noe Züricher Zeitun“ .
Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос во врска со струјата, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата, пренесува медиумот.
„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, изјавил Лугинбил.
Тој посочил дека политиката на предупредување на „Елком“ не се сфаќала сериозно во изминатите години.
Доколку има недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.
Се размислува и за воведување на забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки, според тамошните медиуми.
Економија
Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 % во однос на одлуката од 5.8.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 % во однос на одлуката од 5.8.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,569 %, кај дизелот 2,117 %, кај екстра-лесното масло 2,960 % и кај мазутот намалување 1,402 %.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 3,50 денари/литар.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/литар, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 2,00 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,557 денари/кг и сега ќе изнесува 52,786 денара/кг.
Од 9.8.2022 година,од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,00 (денари/литар);
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 92,00 (денара/литар);
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 90,00 (денари/литар);
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 87,50 (денари/литар);
– мазут М-1 НС -52,786 (денара/килограм).
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,117 %.
Економија
Нов шок за пазарот на гас

Азиско-пацифичкиот пазар на гас се соочува со нов удар откога Австралија сигнализира дека може да го намали извозот на течен природен гас (ТНГ).
Овој регион се бори со ограничени резерви, високи цени и конкуренција од европските купувачи.
Австралија размислува за намалување на продажбата во странство во корист на домашната потрошувачка бидејќи проценува дека ќе има недостиг во домашната понуда в година, пренесува Си-ен-би-си.
Со глобалниот енергетски протекционизам во пораст, австралиската Комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC) минатата недела ја повика Канбера да го заштити својот домашен пазар на гас и да го ограничи извозот на TPG бидејќи предвиде дека источниот брег на земјата може да се соочи со недостиг од 56 петаџули гас во 2023 година.
Поголемиот дел од гасот што се користи на источниот брег на Австралија го произведуваат компании што се исто така извозници на ТПГ во Азиско-пацифичкиот Регион и други земји.
Иако повеќето од продажбите на ТПГ на клиенти во странство се засноваат на долгорочни договори, австралиските производители исто така го продаваат овој енергетски производ на самото место. Земјите што немаат можност да склучуваат долгорочни договори се принудени да купуваат гас на самото место, каде што цените се значително повисоки.
Австралиската асоцијација за истражување и производство на нафта, сепак, донекаде ја смири вознемиреноста на пазарите наведувајќи дека и покрај предупредувањето на ACA, земјата има повеќе од доволно гас за следната година.
Меѓутоа, доколку се активира механизмот за ограничување на извозот, новите притисоци за понудата и цената ќе ги почувствуваат најголемите клиенти на TPG во регионот, како што се Јапонија и Јужна Кореја, како и новодојдените увозници на ТПГ, како што се Филипините, велат аналитичарите.
Цените на ТПГ се зголемени речиси 80 отсто во споредба со периодот пред почетокот на војната во Украина, според индексот на цените на компаните на „Платс ЈКМ“.