Економија
Тридневен шопинг фестивал и забавни активности за роденденот на Point Retail Park

Првиот малопродажен парк во Македонија – Point Retail Park оваа недела прославува 2 години од своето постоење и тој повод ќе го одбележи со низа активности.
Од трговскиот центар најавуваат тридневен шопинг фестивал од 16 до 18 јули, на кој сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови по пониски цени. Покрај попустите, роденденската програма опфаќа забавни активности за најмалите со суперхерои и музички бендови за возрасните.
Откако ги отвори своите врати пред 2 години, овој трговски центар направи вистинска револуција во шопинг искуството со концептот „шопинг на раат“, кој нуди бесплатен паркинг, едноставен пристап, одлична понуда од брендовите за широка потрошувачка, како и гастрономска понуда што го прави трговскиот центар конкурентен и жешка точка за потрошувачи од земјава и странство.
Point Retail Park оваа годишнина ќе ја прослави и под мотото „ПРВ“, поаѓајќи од „прв малопродажен парк од отворен тип“ на двегодишнината ќе се закити и со:
- ПРВ трговски центар кој летово поставува фотоволтаична централа со која ќе се обезбедуваат над 30% од потребите за електрична енергија на објектот од сопствени обновливи извори на енергија, што ќе го направи најеколошкиот трговски центар во државата;
- ПРВ трговски центар кој има целосен виртуелен приказ на Google;
- ПРВ трговски центар кој ќе обезбеди 10 стипендии за најдобрите студенти на медицина, економија и ИТ-насоките за учебната 2021/2022.
Point Retail Park има тенденција да ја продолжи оваа успешна приказна ширејќи се во повеќе градови.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.