Контакт

Економија

Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДС кои наместо на извоз, се фокусираа на увоз на земјоделски производи

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.

dobivaj vesti na viber

„Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи“, изјави Трипуновски.

„Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15-тина денари за килограм.

ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Трипуновски.

Економија

30 години дански конзулат и орден „Витез од прва класа на редот на данското знаме“ за Мукаетов

Објавено пред

Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје, започнa со работа во јули 1994 година, по декрет издаден од данската Кралица Маргарете II, која за Генерален почесен конзул го назначува Трајче Мукаетов.  Во 2007 година, функцијата Генерален почесен конзул ја презема Живко Мукаетов.

dobivaj vesti na viber

Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во Шенген зоната во 2002 година, асистенција при високи државни посети, помош при бројни предизвици со кои дански државјани се соочиле во земјава, но и промовирањето на економската соработка и данската култура во земјава, се дел од активностите кои ова конзуларно претставништво ги работи веќе 30 години.

„Врските помеѓу Северна Македонија и Данска се изградени врз споделени вредности, заемни интереси и заеднички видокруг за збиднувањата во светот. Клучен аспект од нашата работа при зајакнување на овие врски е да ѝ се помогне на земјата да напредува на својот пат кон ЕУ. Таа работа секако ќе ја продолжиме со новата Влада. Во оваа насока, сакам да истакнам дека Данска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија во 2025 година, а проширувањето на ЕУ ќе биде важен елемент на нашето претседателство. Со сите ангажмани на Данска во Северна Македонија, Генералниот конзулат на Кралството Данска играше централна улога и тоа ќе продолжи да биде така“, истакна Н.Е. Амбасадорката Сузане Шајн во своето пригодно обраќање по повод јубилејот.

Амбасадорката Шајн, во името на данската Влада, се заблагодари на Мукаетов за неговата умешна дипломатија, силна посветеност и беспрекорен професионализам како Генерален конзул. Покрај јубилејот, Нејзината Екселенција нагласи уште еден дополнителен повод за славење – воздигнувањето на Живко Мукаетов од Витез на Редот на данското знаме (кој орден Мукаетов го доби во 2016 година), во Витез од 1ва класа на Редот на данското знаме:

„Оваа голема чест, беше едно од последните одликувања на Нејзиното Височество Кралицата Маргарете II пред нејзиното абдицирање од тронот во полза на нејзиниот син, Неговото Височество Кралот Фредерик 10ти“ – рече Амбасадорката Шајн при одликувањето.

Орденот на данското знаме за прв пат бил воведен во 1671 година од страна на Кралот Кристијан V, кога редот имал само еден степен наречен Бел витез. Во 1808 година, по иницијатива на Кралот Фредерик IV, Редот на данското знаме бил поделен во четири степени, од кои првиот е резервиран за членови на кралското семејство. Ова исклучително признание, кое е едно од најстарите во светот, оддава почит за посветена работа за интересите на Кралството Данска, за заслужна државна или воена служба, за посебен придонес во сферите на уметноста, на науката или на бизнисот. Регистарот на данските Кралски ордени на витештвото, кој се води од 1884 година содржи околу 40,000 автобиографии на одликувани лица. Од јуни 2023 година, Мукаетов исто така ја извршува и функцијата Конзул на Кралството Норвеш

Прикажи повеќе...

Економија

Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење

Објавено пред

Европскaта централна банка (ЕЦБ) на последниот априлски состанок одлучи да ги задржи клучните каматни стапки на исто ниво од септември минатата година. Во циклусот на заострување на монетарната политика, а со цел намалување на инфлацијата во земјите од еврозоната, од јули 2022 до септември 2023 ЕЦБ ги зголеми основните каматни стапки 4,5 процентни поени. Ваквите мерки доведоа до зголемување на банкарските камати.

dobivaj vesti na viber

Со последната одлука и нашата Централна банка повторно ја задржа каматната стапка непроменета, на ниво од 6,30 процентни поени, кое се оценува дека e соодветно на тековните услови во економијата.

Меѓутоа, со оглед на падот на инфлацијата во еврозоната, експертите сметаат дека веќе во јуни може да се очекува да се случи прво намалување на основните каматни стапки од страна на ЕЦБ. Овој сигнал, веројатно, ќе го следи и нашата НБРМ, која поради нашата вразаност на денарот за еврото, ги следи чекорите на ЕЦБ.

Основната каматна стапка на централните банки секогаш е основа за определување на каматите стапки на банките, како на кредитите така и на депозитите. Доколку се остварат прогнозите на експертите, тоа значи дека и кај нас е можно да дојде до намалување на основната каматна стапка, а со тоа и на каматите на банките бидејќи тие своето работење го усогласуваат со одлуките на НБРМ.

Падот на каматите на кредитите во секој случај ќе значи и пад на каматите на депозитите, кај кои, по години исклучително ниски и неатрактивни камати за штедење, се случи пораст. Според последните податоци од Централната банка, просечната каматна стапка во март на вкупните депозити изнесуваше 1,80 %, односно на новопримените депозити 2,46 %.

Ако се знае дека пред почетокот на мерките за заострување на монетарната политика висината на каматите на депозитите беше минимална, можеби сега е вистино време да се искористат атрактивните камати за депозитите што ги имаат некои банки за одделни производи.

Таков атрактивен поизвод, на пример, е пролетниот депозит на Халкбанк, кој е со промотивен период до 30 јуни 2024 година. Истиот нуди можност за орочување на средствата за период од 13, 25 и 36 месеци. Каматните стапки се атрактивни и изнесуваат 3,30% за орочување на денари за период од 13 месеци, односно 3,80% и 3,90% за орочување во период од 25 и 36 месеци. За штедење во евра за соодветните периоди каматите изнесуваат 2,30%, односно 2,80% и 2,90%.

Она што е особено важно е дека каматата за целиот период на орочување е фиксна, така што и во случај на пад на каматите, за штедниот влог ќе се добие сегашната договорена камата. Каматата на орочените средства, пак, може да се повлекува месечно или на крајот на периодот на орочување.

Кај овој производ минимален износ за вложување е 30.000 денари, односно 500 евра и не е предвидено предвремено повлекување на средства или дополителни уплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит се пресметува камата по видување според важечката Одлука за пасивни каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!

Објавено пред

Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.

dobivaj vesti na viber

Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.

Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.

Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.

До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.

Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет2 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија3 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија4 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија6 часа

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија6 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа7 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија7 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет7 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет8 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет8 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет8 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија19 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија22 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија23 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија23 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија1 ден

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија1 ден

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ1 ден

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ1 ден

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...