Контакт

Економија

Угостителите и туристичките работници бараат да продолжи поддршката од Владата

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и со лица од компании што се занимаваат со превоз на патници, кои трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот.

На состанокот претставниците на компаниите доставиле барање за продолжување на владината поддршка и во наредниот период, а се разговарало за справувањето со економската криза предизвикана од Ковид-19, за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции во наредниот период, како и за потребата од носење нови мерки.

„На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристичките и угостителските дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Исто така, угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста од граѓаните, особено од оние што ќе ги користат платежните картички“, соопштија од кабинетот на Царовска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Извлечени добитниците на награди од 20.000 денари преку MojДДВ#МојаНаграда

Објавено пред

Извлечени се 15 добитници на месечните награди од по 20.000 денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страната на Државна Лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во останатите кола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Прикажи повеќе...

Економија

Ваучерите за туризам ќе може да се користат и преку туристички агенции

Објавено пред

Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, да може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ заклучно со 10 август.

На тој начин граѓаните што добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети, да може да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции што ќе се регистрираат на платформата.

„Во согласност со уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на своите понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk“, соопшти Министерството.

За да исполнуваат услови за добивање пристап во платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите што претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца), автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите може да понудат сместување, а да вклучат и дополнителни услуги, како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

За 20 дена, по почнувањето на мерката ваучери за домашен туризам, до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Прикажи повеќе...

Економија

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

„Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија. Повеќето од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени што не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска приближно 9 % во однос на 2019 година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека со одлуките од 31 јули 2020 година преку фактори на корекција на МЕПСО му го намали приходот за 2020 година за 13,25 милиони евра, а на „ЕВН хоме“ за 4,5 милиони евра, поради тоа што овие компании во 2019 година оствариле поголем приход од одобрениот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за месеците април,...

Свет2 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет3 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет3 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет3 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет16 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет17 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет17 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион18 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет19 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија23 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија23 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ23 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет24 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет1 ден

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 ден

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија1 ден

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Досие