Економија
Уште една хуманитарна акција на Credissimo
По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден.
За да го поддржи и одбележи месецот посветен на борба против ракот на дојка, Credissimo спроведе хуманитарна акција ,,Да донираме заедно”, во која ги повика да се вклучат сите општествено одговорни граѓани, кои со само еден коментар на нивен пост на социјалните мрежи донираа по 50 денари.
Сумата од сите коментари, во вкупен износ од 60.000 денари, Credissimo ја донираше на невладиното Здружение „Езра”, кое поттикнува иницијативи за развој во здравството и за подобрување на здравствените услуги.
Собраните средства се за активностите на здружението ,,Езра” кое има за цел да ги подобри здравствените услуги и да ги застапува онколошките пациенти. Ваквите иницијативи се круцијален дел за зголемување на општествената свест кај граѓаните.
Како дел од оваа кампања, а со цел да се подигне свеста за важноста од редовни прегледи и контроли, навремено барање лекарска помош, како и да се едуцираат жените за превенцијата и лекувањето, Credissimo организираше мамографски преглед за сите жени вработени во компанијата.
На годишно ниво, во последните 5 години се дијагностицирани 7,8 милиони случаи на рак на дојка кај жените. Раното откривање на ракот на дојката е најдобра превенција и претставува клучен дел за успешно лекување.
Ова не е прва акција на Credissimo, која како општествено одговорна компанија постојано се залага и вложува во кампањи за поддршка и развој на здравствениот систем во Македонија. Здравјето и здравствената свест треба да бидат еден од главните приоритети за сите поединци и компании, како би се изградило цврсто, стабилно и функционално општество.
Имајќи предвид дека борбата со ракот на дојка како и другите видови на рак, не завршува со крајот на октомври како светски месец за рак на дојка, средствата од донацијата ќе бидат наменети за повеќе клучни активности кои ги организира нашето здружение во рамките на овогодишната програма на кампањата.
Подигнувањето на свеста за важноста за раното откривање на ракот на дојка е клучно, но исто така е многу важно обезбедување на директна поддршка за новооперираните пациентки од рак на дојка и лобирање за обезбедување на подобрени услуги и пристап до терапии за сите пациенти кои се борат со оваа болест – изјави Емануела Додева претседателка на здружение „Езра”.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

