Контакт

Економија

УЈП: До 15 јули скенирани повеќе од 2,9 милиони фискални сметки

Објавено пред

Управата за јавни приходи информира дека од 1 јули 2019 година, кога почна реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку „Гугл плеј стор“ и „Ејпл стор“ ја презеле над 140 000 граѓани.

Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2.993.788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони може да ги користат услугите што ги нуди УЈП во сите свои oрганизациски единици каде што фискалните сметки може да се скенираат на киоск-апарати, баркод-читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката, како и од ефектите што се во насока на намалување на сивата економија.

Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и сè почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.

Економија

Трамп против соработка со „Хуавеј“ дури и доколку се повлече забраната

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека поради националната безбедност не сака САД да соработува со кинеската технолошка компанија „Хуавеј“, дури и доколку администрацијата одлучи да го продолжи грејс-периодот за таа компанија.

Западните медиуми очекуваат американскиот Оддел за трговија да ги одложи санкциите за „Хуавеј“, со што ќе биде дозволено фирмата да купува ресурси од американските компании, за да може да ги сервисира постоечките купувачи.

Времената дозвола за „Хуавеј“ ќе биде продолжена за уште 90 дена.

Трамп вчера нагласи дека не сака да соработува со „Хуавеј’ од безбедносни причини, потенцирајќи дека некои помали делови од работењето на компанијата би можеле да бидат исклучени од забраната, но, како што кажа и тоа ќе биде компликувано.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена

Објавено пред

Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и на странскиот пазар, информира владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение.

Оваа година, велат од СДСМ, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти, што ако се спореди со јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.

„Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.

Тоа е зголемување од 67 отсто.

Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски

Објавено пред

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести. Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Прентовиќ.

„Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија“ се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија40 минути

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во...

Европа1 час

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет2 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија13 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет14 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет15 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија15 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет15 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт17 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија22 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион22 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет23 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 дена

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Досие