Економија
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Денарот останува стабилен

Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност. Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ ја одобри на Народната банка. Ова се дел од констатациите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изнесени во извештајот со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на земјата.
Во извештајот е нагласено сведувањето на основната каматна стапка на историски најниското ниво и очекувањето на „Фич“ за олабавена монетарна политика на Народната банка и во следниот период, во отсуство на зголемување на стапката на инфлација во текот на следната година и во отсуство на натамошни притисоци врз домашниот девизен пазар.
Притоа, од агенцијата за кредитен рејтинг истакнуваат и дека македонската економија има историја на ниска инфлација и на финансиска стабилност поддржана од кредибилните макроекономски и финансиски политики, што соодветствува на успешното одржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во извештајот нагласуваат и дека, тековно, пристапот до надворешно финансирање е поволен, а странските инвестиции се отпорни.
Од „Фич“ оценуваат дека банкарскиот сектор ја задржа силната основа, и покрај пандемичниот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата. Притоа, се наведува дека банкарскиот систем е соодветно капитализиран и профитабилен.
Во извештајот е истакнато и тоа дека иако одложувањето на наплатата на кредитите беше речиси целосно завршено во првиот квартал од оваа година, тоа не доведе до позначително зголемување на нефункционалните кредити. Имено, во однос на крајот на минатата година, стапката на нефункционални кредити се зголеми за само 0,1 процентен поен и на 30 јуни годинава изнесува 3,4%, како што е изнесено од агенцијата за кредитен рејтинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2023 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 јуни 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
06.06.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
07.06.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
Кинеска и турска компанија лажирале документација за мегапроект во Босна и Херцеговина

Кинеската групација „China Gezhouba Group Co.“ ДОО во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила неточни информации и лажна документација.
Тунелот треба да се изгради на трасата на автопатот на коридорот 5С, на југот на Босна и Херцеговина.
Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од Јавното претпријатие автопат на Федерацијата Босна и Херцеговина. Станува збор за компанија од Вухан.
Во септември минатата година, државната компанија „Автопати“ на Федерацијата Босна и Херцеговина отвори тендер за доставување документација за изведувачот за изградба на тунелот Прењ.
Ова е најважниот инфраструктурен проект во Босна и Херцеговина, велат од оваа компанија. Додаваат дека тоа е деветти најдолг патен тунел во Европа. Планирано е да биде долг околу 11 километри.
Од „Автопати“ ги провериле податоците и утврдиле дека оваа кинеска компанија нема валидна документација, поради што е дисквалификувана. Кинеската групација не одговорила на барањето на „Радио Слободна Европа“, зошто доставиле лажни и неточни информации.
Во исто време, „Автопати“ потврдиле дека „China Gezhouba Group Co.“ ДООЕЛ никогаш не учествувала во проектите на овој субјект компанија.
За изградба на тунелот пристигнаа осум понуди. Меѓу нив имаше уште една понуда од компанија од Кина, три од Турција и една од Индија. Покрај тоа, на тендерот се пријавија и два конзорциуми од Турција и Јужна Кореја. Освен кинеската групација, лажна документација доставила и компанија од Турција.
„Неточни податоци во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила и компанијата од Турција, „Озалтин Инсаат Тицарет“ ве Санаји А.С.“, велат за РСЕ од „Автопати“.
Нелогичности во понудите утврдила комисијата формирана од оваа компанија.
Босна и Херцеговина побара заем од ЕБОР за финансирање на изградбата на приоритетните делови од автопатот на Коридорот 5С. Износот на заемот е 97 милиони евра. Во финансирањето на изградбата на тунелот ќе учествува и Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Како дел од овој проект, проценетата вредност на изградбата на тунелот Прењ е околу 500 милиони марки (250 милиони евра).
Изградбата ќе започне кон средината на оваа година, а работите ќе траат шест години. Планирано е да се заврши до крајот на 2028 година, со што ќе се заокружи целиот Коридор 5С.
Економија
Манасков: ЕВН и Регулаторна го осиромашуваат народот на рекетарски начин

Стопанската комора за енергетика е на став дека ЕВН и Регулаторната Комисија го осиромашуваат народот на, како што велат, монополски рекетарски начин.
Претседателот на комората, Ѓорги Манасков, порача до претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски да каже која институција ја контролира ЕВН на терен во државата и како.
„Дали се сериозни. По барање на ЕВН , да се зголеми цената на сметките за мрежарина и воведување на нови мерни броила за полесно да врши МОБИНГ и манипулација врз граѓаните и компаниите во Македонија, замислете дека Бислимовски и Регулаторна Комисија ќе им го одобри? Нека каже Бислимовски која институција ја контролира ЕВН на терен во државава и како? До кога ЕВН и Регулаторна Комисија ќе го осиромашува овој народ на овој монополски рекетарски начин???… Засрамете се , и престанете да правите штета. Бидете сигурни дека за ова ЕВН и Регулаторна, ќе мора да сносат сериозни последици еден ден“, пишува Манасков.