Контакт

Економија

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено пред

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Халкбанк е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на дејствувањето.

Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

„Како што гласи и нашето мото „Важни се луѓето“ – луѓето се поставени во центарот на нашето работење. Негуваме грижа за вработените, негуваме грижа за нашите клиенти и деловни партнери и негуваме грижа за заедницата во која работиме. Особено сме горди што можеме да се пофалиме со стекнување на сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“ кој претставува уште едно признание дека Халкбанк е банка на народот, банка која работи за граѓаните и нуди врвно банкарско искуство преку создавање на фер и долгорочни односи со клиентите. Како банка ќе продолжиме да растеме заедно со растењето на нашите ценети клиенти, ќе ги поддржуваме и ќе направиме да се чувствуваат како наши партнери. Ќе се трудиме да ја даваме најдобрата услуга на пазарот и ќе се трудиме да бидеме дел од креирањето успешни приказни”, изјави д-р Билал Суџубаши, Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.

Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Халкбанк кон процесот на сертификација. Во сите наведени области Халкбанк ги исполнува условите и се стекнува со сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“. Сертификатот ја верификува обврзаноста на Халкбанк да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесува кон нивната доверба и задоволство”, изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификацијата се одвиваше врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од ЕУ проектот за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).

 

 

(ПР текст)

Економија

(Видео) Стојаноски: Железниците во државата се во вештачка кома, вработените немаат земено плата

Објавено пред

Железничкиот сообраќај во нашата држава ги живее најлошите години од своето постоење. Не се памети кога железниците во Република Македонија биле во толку лоша состојба, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

За жал, вели тој, на прагот сме на целосно замирање на железничкиот сообраќај, а со тоа Македонија да стане единствената земја во Европа без железнички сообраќај.

„Пред 3 години со укинувањето на единствената меѓународна железничка линија Солун – Скопје – Белград станавме меѓународно железнички изолирана земја, а сега со укинувањето на внатрешните железнички линии кон Кичево и Кочани се најавува и домашно замирање на овој превоз. Железниците во Република Македонија се во вештачка кома. Нема изградба на нови пруги, нема ремонти на постојните, нема набавка на нови возови и нови локомотиви. Буквално железниците се оставени на забот на времето“, рече Стојаноски.

„Додека вработените во железницата со право реагираат и ја чекаат својата плата за јуни, постојано има огласи за нови партиски вработувања. Раководствата вршат масовна партизација со нови кадри. Патем, според информациите од железницата, повеќето од овие нововработени земаат плата, а не даваат речиси никаков придонес во работењето. Оттука, наместо по секоја основа да се намалуваат непродуктивните трошоци, власта за свои партиски цели дополнително ги оптоварува буџетите на ‘МЖ – Транспорт’ АД и на ЈП ‘МЖ – Инфраструктура’“, додаде Стојаноски.

Потенцира дека во овој ресор нема пари за плати на вработените, а како што рече, има пари за нови партиски вработувања.

„Нема пари за изградба на пруги и набавка на нови возови, ама има пари за набавка на супер луксузни лимузини за директорите. Очигледно е дека оваа Влада предводена од СДСМ нема ниту волја ниту капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Се покажало во минатото, секогаш кога СДСМ е на власт, железницата стагнира. Наместо да спроведуваат проекти за подобровање на железничкиот сообраќај, тие размислуваат како побргу да ги продадат и да се ослободат од железниците“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање плати, најави Министерството за труд

Објавено пред

Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица.

Со овој вид поддршка, бројот на невработени лица што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304. На тој начин вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми од 10.279 на 10.717 лица, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Додаваат дека со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување, кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, особено на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот на работниот однос им е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради коронавирусот.

Првпат оваа година, како што истакнуваат од Министерството, во Оперативниот план се предвидени три принципи, според кои приоритет се дава на лицата што ја изгубиле работата поради пандемијата на Ковид-19, потоа принципот на диверзитет и инклузивност и принципот на рамномерен регионален развој.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нептун“ ја почна кампањата „Заедно донираме повеќе“

Објавено пред

Во рамките на воспоставената стратешка соработка помеѓу Нептун Македонија ДОО и СОС Детско Село, од 3ти до 19ти август, започнува Нептун кампања “Заедно донираме повеќе”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во Нептун имаат можност да се вклучат во донаторска акција.

Ајде заедно да овозможиме децата и младите без родители и родителска грижа:

Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност

Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност

Да имаат среќно и безгрижно детство

Да имаат квалитетно образование

Да имаат сигурна иднина

Да бидат едноставно ДЕЦА

СОС Детско Село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на згрижување на деца без родители и родителска грижа, и во нашата земја ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ”Ниту едно дете да не расте само”.

Од друга страна Нептун Македонија ДОО е компанија со постојан активен однос во општеството. Општествена одговорност на компанијата од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние

за Информација за медиуми

од Нептун Македонија ДОО

датум 03 август 2021

работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше во креирање на ваква кампања. Водени од моделот на заедничката вредност на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, за Нептун Македонија ДОО помошта на заедницата останува императив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија34 минути

Ангелов: Пет хеликоптери тргнаа да го гаснат пожарот кај Пехчево, само без паника

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат...

Македонија2 часа

(Видео) Пожарот во Пехчево се шири и накај Беровско, локалните власти бараат помош од жителите

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, попладнево преку социјалните мрежи упати порака со која алармира за сериозноста на силниот пожар...

Македонија2 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија4 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ7 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион9 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа9 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија9 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија9 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион10 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет10 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ22 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Досие