Економија
„Халк осигурување“ донираше прочистувачи на воздух на Универзитетска клиника за детска хирургија

„Халк осигурување“ АД Скопје минатата недела донираше плазма-прочистувачи на воздух на Универзитетската клиника за Детска хирургија во Скопје. Се работи за специфични уреди со висoко ниво на прочистување на воздухот, кои се наменети исклучиво за употреба во медицински установи. Во време на вируси, бактерии и високо ниво на загаденост, ваквите прочистувачи за воздух гарантираат чиста и безопасна средина за брзо закрепнување како дополнителна заштита на децата кои се лекуваат на Клиниката за детска хирургија.
„Како компанија која го живее својот раст и успеси, ние во Халк осигурување АД Скопје сме свесни дека само успехот што го споделуваме со другите луѓе и пружаме солидарност е вистински успех за нас. Наша мисија и понатаму е да бидеме предводници во давањето придонес кон подобрување на целокупните услови во кои живееме”, изјави главниот извршен директор на „Халк осигурување“ АД Скопје, г. Суат Инан.
Со оваа донација, компанијата поставува пример и за останатите успешни компании со пораката дека помошта што им ја даваме на другите луѓе треба секогаш да биде на прво место. Подобрувањето на условите за лекување на нашите најмили е само еден мал чекор кон намалувањето на грижите на родителите и децата.
„Знаеме дека здравството е навистина сензитивен сегмент, a помошта е секогаш потребна, особено кога се во прашање децата и нивното здравје. Во таа смисла, влогот во здравјето и безгрижниот живот, особено на најмалите, е влог во сигурна и безбедна иднина за сите. И затоа, креирањето добри услови за грижа за здравјето на децата е еден од клучните приоритети во нашата компанија и план за помагање на општеството”, изјави извршниот директор на „Халк осигурување“ АД Скопје, г. Славчо Таушанов.
На Клиниката за детска хирургија Скопје во 2020 година биле лекувани околу 2.000 пациети од земјава и од регионот. Вкупно 160 бебиња со тешки аномалии биле оперирани за само две години. Најмалото оперирано бебе било тешко под два килограми. Одделот има капацитет од 54 легла и згрижува деца од 0 до 14 години. Тимот лекари на Клиниката за детска хирургија изведува интервентни процедури и операции кај деца со вродени аномалии, третира акути состојби кои бараат итни интервенции, а се лекуваат и пациенти со хронични хируршки болести.
„Сакаме да се заблагодариме на ‘Халк осигурување’ АД Скопје и на менаџментот на компанијата за донацијата на клиниката. За нас секоја донација е вредна и значајна, не само затоа што го подобрува квалитетот на третманот во одреден сегмет, туки и поради фактот што со нашите партнери ја подигнуваме свеста за општествена одговорност на компаниите, што е секако важен сегмент во општественото живеење во оваа земја, особено во период кога здравството се соочува со предизвикот со справување со пандемијата од коронавирусот”, изјави спец. д-р Розета Соколова.
Како благодарност за „Халк осигурување“ АД Скопје за донацијата на плазма-прочистувачите на воздух, претставниците од Клиниката за детската хирургија, спец. д-р Розета Соколова и главна сестра Анета Гроздановска, доделија плакета за благодарност до главниот извршен директор, г. Суат Инан, и извршниот директор, г. Славчо Таушанов.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.