Економија
Царовска: Со развој на социјални претпријатија и вработување на најранливите ќе се намали сиромаштијата

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, учествуваше на Националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронската апликација „Зум“.
Царовска во своето излагање рече дека денешната конференција треба да овозможи една поширока јавна дебата и дискусија помеѓу сите засегнати страни во општеството и заедно со праксата којашто веќе ја имаме, спроведените истражувања и анализи, да ги утврди начините и потребите за развој на овој сектор, особено во услови кога се соочуваме со социо-економска криза предизвикана од светската пандемија.
„Сметам дека е многу значајно што за една ваква важна тема зборуваме во едно специфично време. Социјалните претпријатија се голем ресурс на којшто заеднички ќе треба да се потпреме во наредниот период. Ако вложиме во претпријатија коишто ќе се грижат, односно ќе ги вклучат најранливите, ќе овозможиме услови за намалување на сиромаштијата. Како држава тргнавме да воспоставиме еден нов стандард во намалување на сиромаштијата. Засега добро ни оди. Но, вистинското излегување од сиромаштија е вработување и тука го гледам развојот на социјалното претприемништво, коешто го очекувам и од развојот на социјалните услуги на локално ниво“, рече Царовска.
Вицепремиерката истакна дека со стратегијата за развој на социјално претприемништво веќе е создаден екопростор, останува иницијативата на одговорните компании да се вклучат во овие процеси и заеднички да се дејствува.
„Kонцептот на социјалната економија се темели на принципите на солидарност и индивидуалното учество во процесот на развојот на активното општество, овозможувајќи висок степен на вработување и подобар квалитет на животот, но и рамка за нови облици на претпријатија и работни места. Она што е започнато досега, а треба да продолжи во наредниот период е активацијата на корисниците на гарантиран минимален приход, вложување во човечките капацитети и создавање квалификувана работна сила, за потребите адресирани и од компаниите“, подвлече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.