Контакт

Економија

Царовска: Угостителите и граѓаните да го почитуваат протоколот

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денес, апелира до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот. Вицепремиерката изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, тие ќе бидат санкционирани.

„Би сакала да апелирам до сите угостители да ги почитуваат протоколите, првенствено поради самите себе, но и поради здравјето на граѓаните и здравјето на нивните семејства и нивните деца. Важно е дека со секоја наша постапка денес, а и во наредниот период, треба да покажеме свесност и насочување кон новото живеење. Токму тие протоколи се начинот на кој ќе треба да постапуваме и да се однесуваме во наредниот период сè со цел, од една страна, економијата да се одржува во континуитет, но, од друга, да го заштитиме здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен, во текот на вчерашниот ден укажуваа, едукативно дејствуваа кај сите угостители. Секако дека тие што нема да ги почитуваат, во согласност со законот, инспекторите ќе постапат кон поригорозни мерки“, изјави Царовска.

Таа рече дека е важно овој апел за почитување на протоколот да стигне и до граѓаните бидејќи секој од нас е одговорен и за своето здравје, но и за здравјето на своето семејство и на нашите заедници.

„Ако ги почитуваме мерките и протоколите, ќе придонесеме кон тоа оваа успешна приказна што ја имавме како држава во справување со коронавирусот да продолжи и понатаму и со тоа да покажеме дека сме зрели да се справиме со сите предизвици“, рече Царовска.

Економија

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Објавено пред

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.

Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија“, рече Костовски.

„А какви можеме да бидеме на пазарот, кога една година сме комплетно блокирани да работиме со правни и приватни лица. Преку ‘Еуростандард’ и така блокирана, 26 отсто од вкупниот платен промет се одвиваше преку таа банка заедно со Македонски пошти“, рече Костовски во изјавата за медиумите.

Тој обвини и дека странски инвеститор сакал да ја купи „Еуростандард банка“, но Народната банка комплетно го маргинализирала.

„Бевме на пат да го решиме тоа прашање, не ни дозволија“, рече Костовски.

„Ова е сценарио кое што е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во НБРМ на време биле известени да си ги повлечат парите, бидејќи тоа и тоа и следува на ‘Еуростандард банка’“, обвини сопственикот на банката во стечај.

Костовски ситуацијата ја нарече холокауст во банкарскиот систем направен од НБРМ.

Изјави дека како семејство и како акционери нема да бегаат од одговорноста и ќе платат за сè што Законот предвидува, но сепак не можат да се ослободат од чувството дека заедно со нив повлекле цела армија на правни и физички лица.

„Знам дека со стечајна постапка многу физички и правни лица ќе бидат погодени, ако ви кажам кои ќе бидат последиците во поглед на тоа што се требаше да се направи во докапитализација на банката, тоа е да споредите слон и мравка“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Економија

Пендаровски за Еуростандард: Да се овозможи обесштетување во корист на депонентите

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информира претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД и за активностите што координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да почне во законските рокови, но и порано од тоа.

Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за побрзо почнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување депозити и пред законски предвидениот рок од 20 дена.

Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија, со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така, тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава.

Прикажи повеќе...

Економија

Кочоска: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард и како се поврзани со власта

Објавено пред

Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта и зошто НБРМ ги толерирала ваквите кредити, праша денеска на прес-конференција, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја прашуваат гувернерката кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка паднала под законскиот минимум.
ВМРО-ДПМНЕ прашува и зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто тоа не се направи пред изборите.

„Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постои веќе една година. Дали толку време беше потребно избрана група луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии“, праша Димитриеска-Кочоска.

Таа рече дека самата гувернерка признава оти нефункционалните кредити се 4,7 отсто од вкупните кредити, од кој цел процент отпаѓал на само една банка – Еуростандард банка. Според Кочоска, ова значи дека некој свесно дозволил давање кредити без покритие, а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21 % отпаѓа на банка што гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем со 1,3 %, 1,7 % и 1,6 % соодветно.

„Зошто е толерирано толку мала банка да има толку нефункционални кредити. Добро е и да се види кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта. Колку компании се уништени со оваа одлука и колкав е износот на депозити на правните субјекти и физички лица што не се гарантирани и кои не може да ги повлечат. Кој ќе сноси одговорност за влошување на состојбата во бизнис-секторот, кој и онака трпи сериозни последици. Воедно, се отвораат и други дилеми, кој ќе преземе одговорност за ширењето на коронавирусот кога над 55.000 граѓани веќе трчаат во други банки да отвораат сметки. Кој ќе сноси одговорност доколку дел од овие граѓани, поради целиот овој хаос, остане без приходи следниот месец? Она што исто така загрижува е и што ќе се случува со ‘Македонска пошта’. Граѓаните знаат дека во ‘Македонска пошта’ можеше да се плаќаат сметки. Но, тие не знаат дека системот што ‘Македонска пошта’ го користеше е на Еуростандард банка. Колку оваа одлука ќе има влијание врз ликвидноста на ‘Македонска пошта’ и дали ќе влијае на бројот на вработени? Воедно, со оваа одлука, која се носи во најголема здравствена и економска криза, без работа остануваат околу 170 вработени, кои имаат свои фамилии“, рече Димитриеска-Кочоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион27 минути

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат...

Македонија52 минути

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија14 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија17 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија18 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија20 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ22 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ23 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија24 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет2 дена

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет2 дена

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа2 дена

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија2 дена

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија2 дена

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Досие