Контакт

Економија

Шпаркасе Банка со нови промотивни услови за кредитните и за депозитните производи за физички лица

Објавено пред

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со воведување новитети и атрактивни услови во кредитната и депозитната понуда за население, во согласност со својата стратегиска определба за обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти и излегување во пресрет на нивните потреби.

dobivaj vesti na viber

До крајот на годината, клиентите можат да аплицираат за S Plus ненаменски потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка од 4,8% за првите 2 години, без административни трошоци за обработка на барањето, со брза и едноставна постапка на одобрување, без жиранти со рок до 120 месеци и максимален износ до 1.500.000 денари.

Сите заинтересирани клиенти за станбен кредит, можат да го добијат со фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 5 години или фиксна каматна стапка од 3,30% за првите 10 години без нотарски трошоци и без административни трошоци за обработка на кредитното барање.

Шпаркасе Банка ги продолжува промотивните услови и кај депозитите, со што депозитната понуда за население продолжува да биде и понатаму атрактивна за депонентите. Па, така, сите клиенти што до 31.12.2022 г. ќе се одлучат за Депозит плус добиваат 2,20% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,40% за штедење на 36 месеци. Депозит плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Истовремено, во понудата на депозитни производи останува Депозит прогрес, со што поволните каматни стапки за овој производ ќе важат до крајот на годината. Со Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување. Каматните стапки се гарантирани и непроменливи за целиот период на орочување, а постои и можност за дополнителни вложувања.

Искористете го промотивниот период до крајот на годината и остварете го сонот за свој сопствен дом или, пак, исполнете ги своите мали и големи желби со Шпаркасе Банка – Вашиот финансиски партнер од доверба, дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата, со традиција во банкарското работење од близу 200 години.

ПР

Економија

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска објави дека до 20 земји, од кои многу се во Африка, би можеле да побараат итна помош за справување со глобалната криза со храна.

dobivaj vesti na viber

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, говорејќи на конференција во Саудиска Арабија, рече дека 141 милион луѓе ширум арапскиот свет може да бидат изложени на недостиг на храна, пренесува „Ројтерс“.

ММФ во петокот одобри нова рамка за задолжување со храна, потпирајќи се на постојните инструменти за финансирање во итни случаи за да им помогне на ранливите земји да се справат со недостигот на храна и високите трошоци кои произлегуваат од војната во Украина.

Георгиева рече дека 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна, од кои 10 до 20 најверојатно ќе имаат потреба од итна помош во храна, а повеќето од нив се во субсахарска Африка.

„Ројтерс“ пренесува дека ММФ ќе го даде својот глас во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да ја олесни ситуацијата и планира да го финансира недостигот на храна.

Британската агенција забележува дека земјите од регионот на Блискиот Исток зачекориле напред за да ги поддржат државите кои се борат со висока инфлација и недостиг на храна, влошени од зголемениот ризик од глобална рецесија.

Георгиева изјави дека арапските држави од Персискиот Залив планираат наскоро да се обврзат да обезбедат првични 10 милијарди долари за ублажување на глобалната криза со снабдување со храна.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: Правото на сопственост е неприкосновено, да се најде фер решение за топланите во Скопје

Објавено пред

Сојузот на стопански комори ги повикува институциите на државата транспарентно да остварат дијалог со сопственикот на топланите Исток и Запад, компанијата „Адора инженеринг“ и безусловно да го решат прашањето во врска со топланите за навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Само на овој начин државата ќе покаже дека имаме институции и владее правото во оваа држава, бидејќи и компанијата, а и граѓаните трпат огромни штети“, велат оттаму.

„Ги повикуваме, Регулаторната комисија за енергетика, ЕСМ АД Скопје и Владата како координатор на целиот процес во оваа кризна состојба да се најде праведно и фер решение за користење на топланите преку договор за закуп, кој нема да биде на штета на компанијата или со откуп на топланите од страна на ЕСМ АД. Јавно ја поддржуваме нашата членка ‘Адора инженеринг’, за која, како што може да се разбере од целата комуникација само сака да си ги наплати финансиските долгови, кои законски и следуваат. Во обид да најде решение прифатливо за сите засегнати страни истакнуваме и дека од компанијата „Адора инженеринг“ се доставени околу 100 дописи до надлежните институции, од нив 29 се до стечајниот управник, 25 до Регулаторната комисија за енергетика, 10 до ЕСМ АД, 4 до Владата. На сите овие дописи институциите останаа неми на потребата за решавање на проблемот и важноста на истиот и кон приватната домашна компанија, ‘Адора инженеринг’ и пред сè јавниот интерес и општото добро за граѓаните“, се вели во соопштението на ССК.

Оттаму истакнуваат дека „Сојузот на стопански комори на Македонија јавно ги повикува надлежните институции да го почитуваат принципот на владеењето на правото, како и со Устав загарантираното правото на располагање со приватна сопственоста и во најкус можен рок да овозможат остварување на владение од страна на „Адора инженеринг“ на топланите во Скопје, кои се купени во транспарентна постапка на јавно наддавање“.

„Имено, иако компанијата се стекна со сопственост врз топланите Исток и Запад во градот Скопје во септември 2021 година, сè уште нема владение врз имотот за кој што плати 9,26 милиони евра со сите давачки. На наддавањето Адора Инженеринг даде највисока понуда и ги купи топланите Исток и Запад за што навремено ја исплати целосната сума. И покрај тоа, пoради административни, институционални и други системски недоследности, како инвеститор, ‘Адора инженеринг’ не може и до ден денес, веќе 13 месеци од продажбата да го оствари правото на сопственост врз објектите на топланите и покрај тоа што ги употребија сите правни механизми за тоа.’ Адора инженеринг’ е принудена да финансира и дел од работењето на топланите со свои основни средства, а во исто време за тоа не може да добие ниту владение, ниту надомест. ‘Адора инженеринг’ трпи огромни финансиски и штета врз угледот на компанијата поради неможноста да го запише имотот што го купила под хипотека во корист на банката од која е обезбеден кредитот“, велат од Комората.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Иднината на образованието и пазарот на труд се вештини потребни за четвртата индустријализација

Објавено пред

Според статистиката на Агенција за вработување, имаме над 90 % од невработените лица, кои според сегашните побарувања на пазарот на трудот се невработливи или според дефиницијата на Меѓународната организација на трудот, влегуваат во категоријата „функционално неписмени“, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

„Ова значи дека ова е кадар кој жедниот пазар за труд не може да го впие затоа што е несоодветен и ова е веќе децениски проблем. Тука она што е завршено и во иднина ќе се развива со овој проект е исклучително важно. За ова треба да зборуваме“, додава тој.

Средните стручни училишта, според Битиќи, се можеби столбот на развојот на образованието, нивниот развој, заедно со центрите за стручно образование, кои веќе се оперативни во Тетово, Куманово и во Охрид и дополнителните два што ќе се отворат, а ќе нудат доквалификација и преквалификација на кадар, може значително да ја променат оваа слика.

„Концептот на доживотно учење, промена, флексибилност и адаптирање на кадарот кој што сака да остане активен на пазарот на труд е реалност што секој мора да ја прифати. Знам дека ова е процес кој оди бавно и тешко имајќи го предвид системот од кој излеговме, кој не го поттикнуваше овој динамичен пазар на труд, туку, напротив. Но, поминаа 3 децении, време е да го фатиме чекорот. Затоа денеска посакувам добра конференција, но и повеќе од тоа, очекувам жива дискусија на оваа важна тема.

Погледот напред е дека треба да се свртиме кон вработливоста, односно да го мериме кадарот со квалификации што му се потребни на современиот пазар на труд, а тоа веќе не подразбира тешка индустрија, туку кадар подготвен за четвртата индустријализација, односно роботика, мегатроника и вештачка интелигенција.

Една од најдобрите вести што ги прочитав во последниот период е насловот за средното стручно „Михајло Пупин“ и нивната ученичка компанија, дополнително, училиштето е енергетски ефикасно бидејќи има инсталирана фотоволтаична централа, а учениците се активно вклучени во практична настава во компании. Вака изгледа иднината. Секоја чест за професорите, менторите и, секако, за учениците, кои верувам дека пред себе имаат успех“, порача Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа3 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет4 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија7 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион7 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија7 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија8 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија8 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет9 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет9 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија10 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет11 час

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија11 час

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет12 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет13 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет13 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа13 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет13 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет13 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...