Економија
Штедење со Мој депозит – придобивка за примателите на плата во Халкбанк

Штедењето е многу паметна финансиска одлука, бидејќи имањето заштеда значи сигурност што е повеќе од добредојдена во денешно време. Но, покрај тоа што обезбедуваат сигурност, заштедите можат да донесат и приходи доколку не се чуваат „под перница“, туку се вложат во банка.
Каматните стапки на штедните влогови почнаа да растат, па идеална можност е ваквиот период да се искористи и да се креира штеден влог, а воедно и да се одбере банка – долгорочен партнер за вашите финансиски планови и стратегии.
Производот Мој депозит на Халкбанк АД Скопје е со атрактивни каматни стапки и е наменет за физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања во Халкбанк во претходните 90 дена од денот на отварање на депозитот.
Рокот на орочување може да биде на 13 и 25 месеци, а каматната стапка која е фиксна за целиот период на орочување, изнесува 3,40% доколку се штеди во денари, односно 2% за штедење во евра на рок од 13 месеци. Во случај на орочување на 25 месеци, каматата за денарско штедење е 3,80%, односно 2,50% за девизно штедење.
Кај овој производ минималниот потребен влог за креирање депозит е 3.000 денари, односно 50 евра, а негова посебна атрактивност е што овозможува дополнителни уплати пред истекот на датумот на доспевање, што значи дека секоја нова заштеда можете да ја додадете на веќе оформениот депозит. Делумно повлекување на средстватa не е дозволено пред истекот на периодот на орочување, a каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.
Производот Мој депозит инаку е дел од услугата „Приматели на плата“ на Халкбанк која на секој корисник му носи и значајни бенефиции. Секој што ќе отвори трансакциска сметка во Халкбанк и преку неа остварува редовен доход, добива Mastercard Debit Contactless картичка со која може да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија, а добива и и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати.
Уште една можност што ја нуди банката за обезбедување средства за задоволување на одредени потреби се кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш ќе имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за секоја трансакција. Бонус програмата обезбедува добивање одреден процент на попуст при одредени пазарувања, кој на вашата сметка се евидентира како бонус поени кои потоа може да ги искористите на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк.
Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите оние кои ќе отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.