Економија
Јапонија побара од жителите на Токио да трошат помалку струја

Јапонската влада денеска ги повика луѓето во Токио и околината да трошат помалку електрична енергија бидејќи ќе има проблеми со снабдувањето со струја поради топлотниот бран.
Од Министерството за економија, трговија и индустрија очекуваат дека денеска ќе има зголемено користење на електричната енергија, затоа побара од граѓаните да ги исклучат непотребните светилки по 15 часот на три часа за да може да продолжат да користат клима-уреди.
Во соопштението од неделата Министерството наведува дека вишокот капацитет за производство на електрична енергија во и околу Токио се очекува да падне на 3,7 отсто денеска. Од таму додаваат дека за стабилно напојување е потребен капацитет од 3 %.
Откога некои нуклеарни централи го прекинаа производството поради земјотресот во североисточниот регион, во Јапонија имаше ограничено снабдување со електрична енергија. Властите исто така затворија неколку застарени фабрики за фосилни горива за да ги намалат емисиите на јаглерод.
За време на викендот, јапонскиот град Исесаки, кој се наоѓа на 85 километри северозападно од Токио, ја забележа највисоката температура во јуни за целата земја. Јапонската државна телевизија NHK јави дека 46 лица се пренесени во болница во Токио во неделата попладне поради последиците од топлотниот бран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Кузеска: Раст на извозот од 20,2 во првото полугодие, економијата е стабилна и ликвидна

Преку одговорни и навремени мерки и политики, Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија. Показател за тоа се бројни економски параметри, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додаде дека според податоците од Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза.
Кузеска истакна дека и во вакви услови платите продолжуваат да растат. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 повисока во однос на истиот месец од 2021 година.
Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.
Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што ја помагаат домашната економија, овозможуваат нови работни места и раст на платите во сите секторе,изјави Кузеска.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)
Економија
Зголеми ја својата добивка за 1000% во Mozzart

Во Mozzart обложувалници активен е СУПЕР МУЛТИ БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!
Бонусот важи за сите натпревари со квота 1.35 или поголема без игрите конечен тип на тикетот. Бонусот од дневна понуда важи преку целиот ден. Happy Hour бонусот важи само во термините 9 – 11 ч. и 21 – 23 ч. Бонусот важи за тикети на кои има исклучиво натпревари без играта конечен тип. Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!
ПР-текст