Контакт

Економија

Ќе се укине царинската давачка за лекот хлорокин

Објавено пред

Владата донесе Одлука за укинување на увозната давачка, односно царинската стапка за потрошен медицински материјал за лекот хлорокин (chloroquine), за кој истражување во Франција покажа ветувачки резултати во борбата против коронавирусот.

Во таа земја започна европско клиничко испитување на третманот наречен „Дискавери“ во кој има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени добри резултати кај заразените со Ковид-19.

Клиничкото тестирање во Франција се случи кога сè повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот, нo францускиот министер за здравство, а и други експерти ги повикаа луѓето на претпазливост и особено да избегнуваат да го земаат лекот на своја рака.

Економија

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Објавено пред

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата. За ова информираше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот рече дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани, како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“, кажа Бектеши.

Министерот информираше дека општините веќе минатата година доставиле свои проекти кои се приоритетни за реализација.

„Владата има список на проекти кои се приоритетни за реализација, а се доставени од општините. Кога ќе се потпише анекс-договорот ќе бидат објавени и проектите коишто ќе се реализираат и динамиката за новна реализација“, рече министерот Бектеши.

Тој кажа дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработа помеѓу Министерството за економија и ТАВ Македонија со цел подобрување на услугите за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Објавено пред

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.

Цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 49,50 ден/лит, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.

Од Комисијата информираат дека во изминатиот седумдневен период сите цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа: на бензинот за 4,663%, на дизелот за 3,692%, на екстра лесното масло за 2,769% и на мазутот за 5,388% .

Прикажи повеќе...

Економија

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Објавено пред

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка.

Од Сојузот велат дека економските мерки се базирани на реалните потреби на стопанството. Нагласуваат дека стопанството се соочува со голем број предизвици, од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди итна финансиска помош, може да доведе до затворање на правните субјекти.

Сојузот апелира за конкретна поддршка која ќе пристигне директно кај претпријатијата. Претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека предлог-мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор.

„Приоритетна мерка треба да биде директна таргетирана финансиска поддршка преку доделување  грантови за помош за најпогодените сектори, за да се ублажат негативните ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.
Неопходно е да се креираат прецизни протоколи за работа за сите дејности од Националната класификација на дејности, со цел да им се овозможи на сите право подеднакво да функционираат во контролирани услови по квалитетно утврдени правила. Исто така, од голема важност е да се предвиди можност за одложување или репрограмирање на постоечките кредити за оние претпријатија кои се борат со одржување на ликвидноста за да се превенира пропаѓање или одземање на имотите од страна на банките“, изјави Арсовска.

Сојузот на стопански комори на Македонија смета дека од голема важност е да се обезбеди олеснет пристап до бескаматни кредити за покривање на варијабилните трошоци, како што се оние за тековните оперативни потреби. Апелира на потранспарентно промовирање на кредитните линии кои се достапни, да се овозможи сите на кои им се потребни да имаат можност за пристап до овие средства, како и обезбедување национална гарантна шема за поддршка на претпријатијата при кредитирањето.

Меѓу останатите мерки кои се бараат е и директно и неселективно продолжување на мерката месечна финансиска помош од 14.500 денари до март 2021 година. Сојузот апелира и за одложување на сите даночни долгови за 2020 година и истите да се плаќаат на рати, без камата. Потребно е и итно справување со сивата економија со соодветни достапни механизми кои може да се имплементираат веднаш.

Дополнително Сојузот достави посебни финансиски мерки за секторите угостителство, туризам и транспорт. Велат дека важно е да не се дозволи претпријатијата од секторот транспорт да пропаднат во време на криза, затоа што основните транспортни услуги нема да бидат лесно достапни кога ќе започне периодот на економското закрепнување.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија59 минути

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија2 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа4 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија4 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија4 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет5 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија6 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет18 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија20 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија23 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Досие