Економија
Ангеловска-Азески: Ќе се воведе даночен календар за попредвидливо бизнис-окружување
Преку новата алатка даночен календар, фирмите многу порано, шест месеци однапред, ќе ги знаат промените во даночната политика. Ова е исполнување на барањето на Стопанската комора на Македонија (СКМ), кое беше дискутирано денес на работната средба на министерката за финансии, Нина Ангеловска, со претседателот на Комората, Бранко Азески, и членките.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека како некој кој доаѓа од бизнис-секторот ја знае реалната потреба од дијалог помеѓу креаторите на политките и бизнис-секторот:
„Знаете дека доаѓам од приватниот сектор и цврсто верувам дека за да креираме политики за подобра бизнис-околина, треба да дискутираме за нив со реалниот сектор. Во таа насока, ќе ги разгледаме сите предлози на бизнис-секторот. Еден од предлозите кои Стопанската комора го има и за која можам да кажам дека лично имам волја да се залагаме е воведување на даночниот календар. Тоа значи предвидлива околина за бизнисот, стабилност за да може да знаат да ги планираат однапред своите активности, да не може да се прават нагли промени кои ќе влијаат на планирањето на фирмите за догодина. Тоа значи шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис-секторот да се подготви за измените и да испланира за следниот период“, рече министерката Нина Ангеловска.
Министерката за финансии, Ангеловска, истакна и дека посебен фокус ќе се даде на борбата против сивата економија.
„Еден од приоритетите на Министерството за финансии ќе биде токму адресирање на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Само еден мал дел од тие мерки и предлози е мерката МојДДВ.Тука можам да ви најавам дека веќе се работи изминатиот месец интензивно на уредување заедно со Управата за јавни приходи и дополнително ќе ви ги најавиме промените што треба да бидат воведени. Верувам дека ќе бидат задоволни сите граѓани. Кога зборуваме за сива економија, и на граѓаните и на бизнисот им е потребно да знаат дека функционира еден праведен даночен систем, каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Фокус ќе биде да се опфатат да се внесат во системот, оние 20-40% субјекти за кои се смета дека се во сива економија. Тоа ќе биде фокус на Министерството за финансии да го адресира преку различни мерки. Сивата економија не е само во пазарот на труд, туку има во електронската трговија, зборуваме за сива економија на нерегистрирана дејност, за еден поширок опфат“, рече Ангеловска.
Претседателот на Стопанската комора, Азески, рече дека на работната средба ќе се зборува и за иницијативата за сузбивање на сивата економија, за формирање фискален совет, како и за други барања кои Стопанската комора ги има до Владата. Тој рече дека средбата со министерката за финансии предизвикал голем интерес кај членките на комората и дека преку дијалог треба да се изнајдат заеднички решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

