Економија
Ангеловска-Бежоска: Војната во Украина ќе предизвика побавно економско закрепнување
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово.
На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи. Како мала и отворена економија, којашто е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние не сме имуни на овие движења и согласно со тоа во најновите проекции е направена надолна ревизија на годинешниот раст, со проекција за раст на БДП од 2,9%, додека очекувањата за годишната инфлација се повисоки, со стапка од 8,8%. Таа посочи дека поради високата неизвесност, проекциите на меѓународните финансиски институции варираат, но главно за оваа година ревизиите за растот се надолни, а за инфлацијата нагорни.
На среден рок се очекува извесна стабилизација на економските показатели. Во однос на ценовните движења, очекувањата се дека инфлацијата би почнала умерено да забавува во втората половина на 2022 година, како резултат на стабилизирање на цените на примарните производи. Веќе следната година значително би забавил ценовниот раст, пред сѐ како резултат на проекциите за пад на цените на енергентите и на храната на светските берзи, од меѓународните финансиски организации. Со тоа, за 2023 година, се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и ќе се сведе на 3%. На среден рок, проекцијата е дека инфлацијата ќе се движи околу 2%, во просек.
За 2023 година се очекува раст на домашната економија од 3,6%, во согласност со очекувањата за стабилизирање на кризата и на ценовните притисоци, закрепнување на странската побарувачка и намалување на проблемите со синџирите на снабдување во следната година. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година.
Проекциите се дека банкарскиот сектор и натаму ќе биде важна поддршка за економијата. За 2022 година се очекува кредитен раст од 7,7%, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во периодот 2023 ‒ 2024 година во просек би изнесувал 7,6%. Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5%, додека во следниот период умерено би забрзал и би достигнал 7,5% во просек во периодот 2023 ‒ 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

