Економија
Ангеловска-Бежоска: Домашната инфлација и натаму се намалува, но треба да се продолжи со претпазливи политики
„Инфлацијата во домашната економија и натаму забавува кај сите нејзини компоненти и тоа посилно во однос на забавувањето на просечната инфлација во ЕУ, со што и јазот помеѓу стапката на инфлација кај нас и во еврозоната се стесни од 9 п.п. минатата година на околу 2 п.п. Сепак, новото глобално окружување и натаму е придружено од многу предизвици за нашата мала и отворена економија, што наметнува потреба од внимателност на макроекономските политики и спремност за натамошно соодветно приспособување заради ценовната стабилност, што е и предуслов за одржлив раст“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на годинашниот „Ерсте инвеститорски појадок“ на банкарите и инвеститорите.
Минатата година светската инфлација се искачи на највисокото ниво во изминатите 25 години, што беше особено изразено кај економиите во развој, кога во најголемиот број од нив инфлацијата достигна двоцифрени стапки. Сето ова придонесе за најкоординираното затегнување на монетарната политика во историјата од страна на 95 % од централните банки, вклучително и од Народната банка. Преку соодветна комбинација од мерки, вклучувајќи интервенции на девизниот пазар, постепено зголемување на основната камата и интервенција кај задолжителната резерва, како и поддршка на монетарните сигнали преку макропрудентните мерки, инфлацијата е намалена за две третини од највисокото ниво во октомври 2022 година од 19,8 % на 6,6 % во октомври 2023 година на годишно ниво. Учеството на стоките и услугите, со раст од над 10 % во инфлацискиот индекс, е намалено на 29 % од речиси 70 % минатата година. Исто така, и кај инфлациските очекувања се забележува стабилизирање.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека стабилноста на банкарскиот сектор е од суштинско значење за централните банки за да може непречено да ги спроведат потребните политики за закотвување на инфлациските очекувања. За непречено дејствување на централните банки за исполнување на нивниот основен мандат – зачувувањето на ценовната стабилност, се потребни отпорност на банкарскиот и корпоративниот сектор, ефективни макропрудентни мерки, како и квалитетна супервизија. Македонскиот банкарски сектор покажува висок степен на отпорност, со стапка на адекватност на капиталот на највисоко ниво од 2007 година наваму, од 18 %, и добар квалитет на портфолиото со историски најниско учество на нефункционалните кредити, од 2,8 %. Сепак, со оглед на ризиците, и натаму има потреба од внимателност и евентуално преземање дополнителни макропрудентни мерки, со кои би се намалила веројатноста за стрес во финансискиот систем и следствено би се зголемил просторот за дејствување на монетарната политика.
Во својата презентација Ангеловска-Бежоска ги истакна и можните ризици од геоекономската фрагментација, како што е забавувањето на растот, особено за земјите од Западен Балкан, кои трговски и финансиски се многу отворени, а со тоа се и значително подложни на надворешни шокови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.