Економија
Ангеловска-Бежоска-Зимер: Новиот Закон за финансиска стабилност – придонес за натамошно јакнење на финансиската стабилност

Новиот Закон за финансиска стабилност придонесува за натамошно јакнење на финансиската стабилност преку формално воспоставување на Комитет за финансиска стабилност, со кој претседава гувернерот на Народната банка, а има претставници од сите финансиски регулатори. Комитетот е надлежен за координирано следење на состојбите во финансискиот систем и преземање на активности за спречување или намалување на системските ризици. Народната банка тековно подготвува макропрудентна стратегија со која подетално ќе се утврдат макропрудентните цели, инструментите и показателите за следење на финансиската стабилност, а се очекува истата наскоро да биде донесена од страна на Комитетот. Ова беше истакнато на работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот, Фадил Бајрами со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во земјава, Кристофер Зимер и Јордан Дамчевски, сениор – економист во амбасадата.
На средбата, гувернерката истакна дека Народната банка минатата година донела макропрудентна мерка насочена кон натамошно јакнење на капиталната позиција на банкарскиот систем, односно вовела противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%. На почетокот на оваа година било воведено и дополнително барање за протицикличен заштитен слој на капиталот од 0,25%. Овие мерки ќе придонесат за натамошно одржување на високото ниво на капитализираноста на банкарскиот систем кое тековно изнесува 17,7% и е највисоко во последната декада. Капитализираноста е предуслов за солидна кредитна поддршка за економијата која минатата година оствари раст од 9,4%, при висок раст на кредитирањето на корпоративниот сектор од 11,5%.
На средбата беше разговарано и за изгледите за растот на македонската економија, пришто беше констатирано дека иако со последните проекции на ММФ се подобрени изгледите за раст на економијата на ЕУ, нашиот најголем трговски партнер, сепак ризиците околу проектираната патека на растот на домашната економија остануваат и ќе зависат главно од надворешното окружување.
На крајот беше изразена заложбата за понатамошно продолжување и продлабочување на соработката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.