Економија
Ангеловска-Бежоска – Азески: Мерките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата
Мерките и политиките што ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.
На работниот состанок се разговараше за тековните предизвици со кои се соочуваат македонските компании. Беше истакната високата поврзаност на домашната економија со Европската Унија како наш најголем трговски партнер. Продолжената пандемија влијаше врз ликвидноста на економските субјекти во ЕУ, што постепено почна да се чувствува и кај македонските фирми што ги пласираат своите производи на европските пазари, а особено на германскиот. Исто така, постпандемиското закрепнување на европската економија позитивно влијае врз остварувањата и на домашната економија, беше истакнато од Стопанската комора. Сепак, беше истакнато дека непредвидливоста е голема, особено имајќи ги предвид енергетската криза и геополитичките тензии.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на последните макроекономски остварувања, кои упатуваат на раст на домашната економија во согласност со макроекономските проекции, но и присутните ризици. Во однос на ценовните движења беше посочено дека засега нагорното придвижување на инфлацијата се должи главно на фактори поврзани со растот на цените на енергентите и храната на меѓународните финансиски пазари. Во такви околности засега монетарната политика е олабавена за да се овозможи соодветна финансиска поддршка на економскиот раст. Сепак, Народната банка со внимание ги следи движењата и кај домашните фактори, на редовна основа ја преиспитува поставеноста на монетарната политика и е подготвена за соодветна реакција.
На работниот состанок беше разговарано и за продлабочувањето на соработката помеѓу Народната банка и Стопанската комора преку поредовно меѓусебно информирање за макроекономските движења, како и за согледувањата на приватниот сектор за економските услови во земјата и во меѓународното окружување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

