Економија
Ангеловска-Бежоска – Ли: ММФ со поддршка за претпазливитe политики во услови на неизвесност
Инфлацијата забавува и се очекува нејзино стивнување, без притоа светската економија да западне во рецесија. Сепак, на светско ниво, стапките на инфлација сè уште се високи, а ризиците поврзани со геополитичката фрагментација и климатските услови и натаму се едни од клучните ризици со кои треба да се справуваат носителите на политиките. Во вакви околности стабилизирањето на инфлацијата и соодветното управување со инфлациските очекувања се од најголема важност за централните банки. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација, во чиј состав се и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска. Со оглед на непредвидливиот глобален контекст неопходно е задржување на внимателниот пристап во водењето на политиките и понатамошно обезбедување простор за реакција на евентуалните нови шокови.
На средбата беа разгледани мерките преземени досега од страна на Народната банка за справување со инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност. Гувернерката посочи на сеопфатниот пристап во поставеноста на централната банка, што подразбира реакција преку ликвидноста, каматните стапки и задолжителната резерва. Оваа поставеност е надополнета и со донесените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува системската стабилност на банкарскиот систем и се придонесува за спречување на прекумерната задолженост на кредитокорисниците. Со ваквата поставеност се овозможува значително забавување на инфлацијата и стабилизирање на очекувањата, како и јакнење на довербата во домашната валута. Овие мерки придонесуваат и за зацврстување на стабилните биланси на банките, што е основа за одржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени.
На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ стана збор и за кредитната линија за претпазливост (ПЛЛ), инструмент што обезбедува ликвидност за надминување одредени шокови и предизвици за време на кризни епизоди, кој ѝ беше доделен на нашата земја минатата година. Одобрувањето на оваа кредитна линија е резултат на оцената на ММФ дека економијата е стабилна, вклучително платнобилансната позиција, супервизијата на банкарскиот сектор, статистичките податоци и известувањето, кои се дел од надлежностите на Народната банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

