Економија
Ангеловска: За 10 месеци, донесени се 38 мерки и проекти за подобрување на стандардот
Обезбедување над 300 милиони евра за крупни капитални проекти, како „Пречистителна станица Скопје“, „Локални патишта“, „Проект за наводнување“ и „Енергетски ефикасни студентски домови“, поврат на над 600 милиони евра на ДДВ кон компаниите и 11 милиони кон граѓаните, мерка за покачување на платите, учество во дијанирање и спроведување на трите пакети антикризни мерки, дебирократизација на работењето, активности кон зголемување на транспарентноста, дигитализација и намалување на сивата економија, се дел од 38-те проекти и мерки што министерката за финансии, Нина Ангеловска, ги наброја во своето видеообраќање за сработеното досега во Министерството за финансии.
Таа посочува дека во изминатиот период се донесени мерки со кои се подобрува стандардот на граѓаните.
„Донесовме буџет ‘Инвестираме во човечки капитал’ – во кој вградивме поголеми плати за здравствените работници од 5 до -25 % и за просветните работници 10 %, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор… Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање покачување на платите“, вели Ангеловска.
Во контекст на кризата од Ковид-19, министерката за финансии посочува дека таа донела уште потурбулентен период и поголеми предизвици за неа и нејзиниот тим.
„Придонесовме во креирањето и имплементирањето три сета економски мерки за справување со ковид-кризата/домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ-вештини и многубројни мерки за поддршка за стопанството… Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари за вработен, која одржа над 140.000 работни места во кризата. Како антикризна мерка го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули. Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70 % кај финансиските друштва. Пуштивме 13,7 милиони евра бескаматни кредитни линии преку Развојната банка, кои им помогнаа на над 1.500 компании“, вели Ангеловска во обраќањето.
Ангеловска посочува и дека преку нови алатки е зголемена значително транспарентноста.
„Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции. Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката ‘Отворени финансии’. Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно – со јавен долг – и ѝ дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг“, вели Ангеловска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.
Економија
Дурмиши на средба со Тигањ: Извозот на Македонија кон Хрватска во последните години значително зголемен
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа разгледани состојбите и перспективите за унапредување на билатералната економска соработка меѓу двете пријателски земји.
На средбата беше констатирано дека одличните политички односи и традиционално добрите билатерални врски создаваат силна основа за натамошно интензивирање на економската и бизнис соработката, особено во контекст на европската интеграција и регионалната поврзаност.
Дурмиши ја истакна позитивната динамика во надворешно-трговската размена, при што вкупната трговија меѓу двете земји бележи континуиран раст, а извозот на Република Северна Македонија кон Хрватска во последните години значително се зголемува. Двајцата соговорници се согласија дека постои дополнителен потенцијал за продлабочување на соработката во клучни сектори како што се прехранбената индустрија, енергетиката, фармацијата, градежништвото, индустриското производство и туризмот.
Економија
Димовски-Рајс: разговарано за можностите за нови потенцијални инвестиции
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари успешна средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал, компанија која во државата веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата на глобално ниво, напредокот во Македонија, како и можностите за нови потенцијални инвестиции, се истакнува во соопштението.
Димовски ја истакна улогата на Дирекцијата за ТИРЗ и Владата во создавањето стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за странските инвеститори, потенцирајќи дека континуираниот дијалог со постојните компании е клучен за долгорочен раст и проширување на инвестициите. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координацијата со останатите државни органи претставуваат основа за одржување на довербата кај странските инвеститори. Потенцирајќи ги фабриките на Магна кои работат во рамки на зоните како едни од позначајните капацитети, тој посочи дека главната цел е обезбедување услови во кои постојните инвеститори ќе можат успешно да се развиваат, да ја унапредуваат својата продуктивност и да креираат додадена вредност за националната економија.
Мисти Рајс изрази задоволство од досегашната соработка со институциите и од оперативните резултати на компанијата во земјата, нагласувајќи дека Магна Интернационал внимателно ги следи можностите за понатамошно проширување на своите активности, во согласност со глобалните стратешки приоритети на компанијата.

