Економија
Ангелоски: Регионалната соработка преку „Отворен Балкан“ важна за иден економски развој
Претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски, учествуваше како говорник на онлајн-настанот „Економска интеграција на Република Северна Македонија во рамките на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата ‘Отворен Балкан’“.
„Отворен Балкан“ е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис-секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал.
„Бизнис-секторот првенствено ги направи првите чекори, ги детектира слабостите, а тоа се движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Во однос на ‘Отворен Балкан’, ние веќе имаме дел на отворен Балкан кој функционира, а тоа е мобилната телефонија, движењето по границите со лични карти како документ за идентификација итн. Најрентабилно, најекономски и најголем интерес би требало да имаме во соработката со нашите соседи. Од економската соработка во периодот 2020 – 2021 можеме да заклучиме дека малите земји повеќе се заинтересирани за поголеми пазари и поголемите пазари, дефинитивно, даваат компаративна предност да се работи и да се прошират капацитетите со истите ресурси, со мало проширување може да се дојде до поголем промет и подобри резултати. Македонија и Србија се долгогодишни партнери во стопанската соработка, но сметам дека на страната помеѓу Македонија и Албанија има многу неискористен потенцијал“, истакна г. Ангелоски.
На настанот присуствуваа и се обратија и претседателот на Владата на РСМ, г. Димитар Ковачевски, директорката на Царинската управа на РСМ, г-ѓа Славица Кутирова, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и експерт на аналитика тинк-тенк, проф. д-р Вели Креци и советникот на директорот на Царинската управа, г. Анастас Маженковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.