Економија
Анѓушев: Искуствата на италијанските компании се добредојдени во изградбата на македонската инфраструктура
Искуствата, технологиите и знаењата на италијанските компании во фазите на проектирање, изведба и надзор на градежните проекти што се планираат да се реализираат во Македонија се добродојдени, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на бизнис-форумот, кој го организира канцеларијата на Италијанската агенција за трговија во Скопје.
Како што посочуваат од неговиот кабинет, Анѓушев истакнал дека овој бизнис-форум треба да придонесе за продолжување на позитивниот тренд на економската соработка помеѓу Република Македонија и Италијанската Република.
„Италија е шести трговски партнер на Македонија, трговската размена помеѓу двете земји во првите девет месеци од 2018 година, во однос на истиот период лани, бележи раст од над 14,2 отсто, со вкупен обем од 448 милиони евра, а голем придонес за зголемување на економската соработка има порастот на извоз на производи од 11,7 отсто“, истакнал вицепремиерот.
На бизнис-форумот присуствуваа претставници од 15 италијански компании, со меѓународно искуство во реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, енергетски проекти, како и проекти за заштита на животната средина.
Вицепремиерот ги информирал присутните за владините тековни и планирани инфраструктурни проекти, при што потенцирал дека заинтересираните италијански компании треба да ги следат јавните повици за реализација на проектите бидејќи, како што рекол, нивното присуство ќе доведе до дополнителен квалитет и конкурентност во самите постапки.
Амбасадорот на Италија, Карло Ромео, нагласил дека ова е втор бизнис-форум што се организира во Република Македонија само во 2018 година, со што се докажува големиот интерес на италијанските компании за учество во развојни проекти во транспортот, енергетиката и во животната средина.
Бизнис-форумот е во организација на Италијанската агенција за трговија (ICE), во соработка со Италијанското здружение на приватни градежни компании (ANCE) и Италијанското здружение за инжинерство и градежништво (OICE).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

