Контакт

Економија

Анѓушев ја повика Тасева на состанок и аргументирана дискусија за „Фени“

Објавено пред

Вицепремерот за еконоски прашања, Кочо Анѓушев, преку медиумите ја повика претседателката на „Трансшаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева, на работна средба. Кабинетот на вицепремиерот испрати соопштение до медиумите преку кое ја повикува Тасева на состанок. Од кабинетот не ги коментираат изјавите на Тасева за добиени закани од вицепремиерот.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на објавите во медиумите поврзани со изјавата на Слаѓана Тасева, претседател на ‘Транспаренси интернешнл Македонија’, посочуваме дека вицепремирот Анѓушев немаше намера и нема да води негативна комункација. Напротив, вицепремиерот ја искажува подготвеноста  да ги презентира аргументите и фактите, со кои располага Владата и кои се во нејзина надлежност, за начинот на кој се овозможи Фени повторно да работи успешно и поради тоа ја повикува г-ѓа Тасева на работен состанок и аргументирана дискусија“, стои во соопштението од кабинетот на вицепремиерот.

Од кабинетот утврдиле дека по обвинувањата на Тасева за нетранспарентна и незаконска стечајна постапка за „Фени“ оркестрирана од вицепремиерот, има потреба да објаснат за „Фени“ за јавноста да добие реална слика за моменталната состојба во комбинатот.
„ Од информациите со кои располагаме, стечајната постапка во врска со оваа компанија е во завршна фаза,  а резултат на досегашната постапка е дека над 700 работници редовно одат на работа и добиваат плата. Станува збор за постапка во согласност со Законот за стечај  што ја водат надлежните органи. Владата во овој случај внимателно ги следи состојбите во согласност со своите законски ингеренции, поради тоa што ‘Фени индустри’, како еден од најголемите работодавачи во регионот и еден од најголемите металопреработувачки капацитети во државата е од особена важност за локалниот, како и за целокупниот економски развој на Република Македонија“, соопштија од кабинетот.

Од таму потсетуваат дека вицепремиерот Анѓушев водејќи се од јавниот интерес во  повеќе наврати повикал на темелна истрага од страна на невладините организација што работат токму на овие теми.

„Особено е важно јавноста да биде информирана и за причините поради кои  ‘Фени’ е доведен во стечај, поради кои се доведе во прашање егзистенцијата на компанијата и на над 700 семејства.  Во рамките на своите законски ингеренции и овластувања соодветните државни органи веќе поведоа постапки кон одговорните за оваа ситуација, а помошта на невладините организации е повеќе од добредојдена. Во име на транспарентноста укажуваме дека  е потребно да се слушнат  сите страни и да се провери веродостојноста на сите информации пред да се  споделат во јавноста. Ги замолуваме сите страни вклучени во процесот, вклучително и ‘Транспаренси интернешнл Македонија’, како сериозна и реномирана невладина организација, пред да дава јавни квалификации да ги земе во предвид сите страни во процесот и да ја согледа целосната ситуација“, стои во соопштението.

Претседателката Тасева утрово пријави дека вицепремиерот ѝ се заканувал и агресивно се однесувал со неа на приемот на британскиот амбасадор поради истражувањето на стечајот за „Фени“. Заканите ги објави на „Фејсбук“. Во објавата таа му одговара на вицепремиерот на барањето да ги истражи и причините кои довеле до стечај во „Фени“.

„Господа, криминалот и работењето пред стечајот нека го истражат и докажат институциите. Ние правиме мониторинг на тоа како се води стечајот денеска. А таму има проблем, стечајот не се води добро. И затоа има паника“, објави Тасева на „Фејсбук“.

Економија

Време е за нов лаптоп, а не знаеш од каде да ја почнеш потрагата?

Објавено пред

Пронаоѓањето на идеалниот лаптоп честопати знае да биде исцрпувачки процес. Помеѓу перформансите, дизајнот и цената, купувачите често поминуваат недели во истражување, чекајќи го вистинскиот момент за својата следна инвестиција.

dobivaj vesti na viber

За сите оние кои веќе некое време разгледуваат, но сè уште ја немаат донесено финалната одлука, Анхоч ја започнува својата најнова кампања која ги отстранува сите дилеми.

Под слоганот „Вистински избор. Во вистинско време“, компанијата нуди услови кои ја прават технологијата подостапна од кога било досега.

Технологија без финансиски бариери

Главниот фокус на оваа акција е олеснувањето на начинот на плаќање. Свесни дека квалитетниот лаптоп е неопходна алатка за работа, учење или креативност, од Анхоч овозможуваат купување до 24 рати со 0% камата. Ова значи дека корисниците можат да го добијат најдобриот уред веднаш, а да го плаќаат на рати кои не го оптоваруваат месечниот буџет, без дополнителни скриени трошоци.

Подарок за секоја нова приказна

Покрај одличните финансиски услови, секој купувач на лаптоп во овој период добива и подарок – квалитетен ранец. Со овој гест, Анхоч сака да ја заокружи корисничката вредност, обезбедувајќи сигурност и мобилност за новиот уред од првиот ден.

Избор кој не познава компромиси

Со понуда од над 200 модели, кампањата ги опфаќа сите сегменти:

· Бизнис корисници кои бараат издржливост и професионалност.

· Студенти и ученици на кои им е потребен лесен и функционален уред.

· Гејмери и креативци кои не прават компромис со перформансите.

Акцијата е веќе активна во сите продажни салони на Анхоч низ Македонија, како и на нивната онлајн продавница, и ќе трае до 02.03.2026 година.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“

Објавено пред

Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.

dobivaj vesti na viber

Официјален опис на процесот

На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.

Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.

Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:

„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“

Искуство од прва рака

Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.

„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.

„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.

Исцрпувачко и монотоно

Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.

„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.

„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.

Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.

„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.

Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.

Прикажи повеќе...

Економија

ССКМ со поддршка за македонските транспортери

Објавено пред

Од

Сојузот на стопански комори на Македонија во која членуваат голем број на мали и средни компании директно поврзани со ланецот на транспорт и стоки кој се одвива во земјата и надвор од неа сериозно е загрижен за, како што велат, можните нарушувања кои ќе доведат до неконкурентна положба на македонскиот бизнис сектор.

dobivaj vesti na viber

„Стравуваме дека со продлабочување и пролонгирање на создадените проблеми во транспортниот сектор (камионскиот транспорт) и зависноста на македонските компании и странски инвестиции од 96% ,се создава можност за дополнителни фискални инпликации и намалување на нивната конкурентност на Европскиот пазар на среден и долг рок“, се наведува во соопштението на ССКМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија40 минути

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија2 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија2 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија2 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија3 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија3 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија4 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет4 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа5 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија5 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија6 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија12 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија16 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија21 час

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија21 час

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија23 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија24 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ24 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...