Економија
Асоцијација на ивент индустрија: Немаме добиено ниту денар од најавените 2 милиони евра владина помош
Влегуваме во шестиот месец од втората пандемиска година и речиси 15 месеци како секторот за организација на настани е оневозможен да работи, реагираат од Асоцијацијата на ивент индустријата.
Од таму објаснуваат дека реалната ситуација во оваа индустрија е многу полоша од она што предходно го најавуваше Владата.
„На 12 април Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата, досега се исплатени 0 денари. На 21 април беше објавен Јавен повик за организирање на настани, за жал резултати нема, а помош 0 денари. Рокот кој ние како компании го добивме за подготовка на проектите беше пократок од оној кој Владата си го додели за евалуација на истите. На 12 мај Владата објави Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивент индустријата, но резултати нема а исплатена е помош од 0 денари. Сеуште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош“, потенцираат од овој сектор.
Додаваат дека единствена помош што ја добиле била онаа наменета за целото стопанство.
„Дел од насможеа да искористат помош за исплата на плати (8 плати за вкупно 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Од каде плати за останатите 7 месеци без помош? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење? Ги прашуваме претставниците на Владата дали мислат дека сме алхемичари? Дали некогаш се запрашаа како преживуваат нашите компании? И покрај тоа што од првиот ден на пандемијата укажувавме дека ќе дојдеме до оваа состојба, никој не сакаше да не слушне. За целиот овој период покажавме конструктивност и кооперативност, предлагавме мерки и модели, но за жал резултатот е дека нема помош“, велат од Асоцијацијата.
Тие потсетуваат дека за разлика од останатите дејности во стопанството, вклучувајќи го и угостителството за кое како што велат уште од првиот ден на релаксирање на мерките, работи, јавноста е сведок дека нема настани, нема концерти, а со тоа нема ниту работа за луѓето во овој сектор.
„Вистина е дека институциите навремено и ажурно се сеќаваат на нас, но само кога ќе треба да ни пратат опомена за плаќање на даноци, да ни блокираат сметки за неисплатени плати, и за подмирување на сите останати обврски“, додаваат од секторот за организација на настани.
Од ивент индустријата бараат Владата итно и без одлагање да ги реализира мерките кои им ги понуди како помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

