Економија
Ајде сите на стадион: продавницата „Нептун“ во комплетно нов изглед

На 14 Јуни Нептун Македонија ги отвори вратите на новиот, врвен центар на производи и гаџети, што нуди целосно ново искуство во интеракција со напредните технологии и уредите од премиум сегментот.
На отворањето на продавницата, кое беше проследено со забава со Диџеј, пијалоци за сите, многу изненадувања, попусти до 50%, ексклузивни понуди и промо цени, присуствуваа голем број фанови и вљубеници во технологијата, чие задоволство од понудата и конкурентните цени беше очигледно.
Ги прашавме домаќините што може да очекуваме во овој ексклузивен простор; „ Ја реотворивме оваа уникатна продавница на истата локација, со цел да им се приближиме на купувачите уште повеќе, бидејќи тие од ден на ден, се сè поблиску до нас. Овој совршен спој на современи уреди и најнапредна технологија дочекани од едни од најпребирливите потрошувачите, ентузијасти и технофили е она што нè прави горди и навистина задоволни. Среќни сме што можеме да понудиме избор од бројни технолошки достигнувања, софистицирано искуство во пазарувањето и соработка со најдобрите партнери и брендови ширум светот“ – вели Горан Панзов, Ареа Менаџер – Скопје.
Новоотворената продавница на Нептун претставува место каде што потрошувачите може директно да контактираат со вработените, подобро да го запознаат уредот што планираат да го купат, да ги добијат сите потребни инструкции, да ги откријат и да научат за сите предности на најновите уреди.
Реотворањето на Нептун Стадион е само уште еден показател дека оваа компанија е верна на принципите на кои е основана, продолжувајќи да инвестира во развој на силни тимови, решенија и услуги, како и достапни иновации што одговараат на најновите потреби на дигиталното општество.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ.
Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, велат од УЈП.
Од институцијата не прецизираат кога „МојДДВ“ ќе проработи, а засега корисниците се оставени да чекаат, со надеж дека нема да изгубат право на поврат на средства.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат реакции од граѓани кои се жалат дека изгубиле време обидувајќи се безуспешно да ја користат апликацијата. Многумина бараат одговорност и транспарентност од институциите, но и посочуваат дека слични прекини во работата на апликацијата се случуваат сè почесто.
Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“