Економија
Безос потежок 8,4 милијарди долари за еден ден, профитира иако не направи ништо

Најбогатиот човек во модерната историја на светот, Џеф Безос, стана уште побогат.
Како што пренесуваат агенциите, акциите на „Амазон“ нагло скокнаа по веста дека Пентагон го откажува контроверзниот договор со американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“.
Акциите на „Амазон“ пораснаа 4,7 проценти откога Пентагон објави раскинување на договорот, со што нето-богатството на Безос се зголеми 8,4 милијарди долари за еден ден.
Безос, кој официјално се повлече од функцијата главен извршен директор на „Амазон“, но задржа 10,3 проценти од акциите во компанијата, сега вреди 211 милијарда долари. Тоа е историски рекорд откако „Блумберг“ почна да ја следи нето-вредноста на светските милијардери.
Претходното рекордно ниво од 210 милијарди долари кратко го држеше извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во јануари годинава, но неговото богатство оттогаш падна на „само“ 181 милијарда долари, што го прави втора најбогата личност во светот.
Пентагон во вторникот објави дека го раскинува договорот вреден 10 милијарди долари, познат како „Заеднички одбранбен инфраструктурен подвиг“ (ЈЕДИ), што го потпиша со „Мајкрософт“ во 2019 година, пренесоа агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.