Контакт

Економија

Бектеши: Дали ќе увезуваме жито од Украина ќе зависи од насоките на Европската Унија

Објавено пред

Македонските власти немаат конкретен став за увоз на жито од Украина, додека многу европски земји веќе креваат аларм и не сакаат да го увезуваат. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека доколку како Влада добијат некакви насоки за увозот, ќе ги следат.

dobivaj vesti na viber

„Моментно нема одлука од страна на надлежните институции во овој случај на Министерството за економија и Министерството за земјоделство. За нас приоритет е домашното производство, но имајќи предвид дека последните неколку години не покриваме сè со домашното производство, ние ќе направиме големи напори во делот на договорот за слободна трговија и земјоделството, кој неодамна беше потпишан со Република Украина, и секако дека ќе одиме во насока на одлуките што ги носи Европската Унија, но секогаш за да се покрие потрошувачката во Македонија со најдобри цени. Ние, главно, во делот на земјоделските производи увезуваме од Турција, Грција, Србија и од Албанија, но во делот на пченицата и другите жита, ако има потреба, ќе увезуваме и од Украина, ако имаме добра цена за нашите трговци, која нема да направи штета на домашното производство“, рече министерот Бектеши.

Тој нема информации дали земјите што се против увозот на жито од Украина тоа го прават поради изложеноста на воените дејства и можноста да биде загадено, но сигурен е дека со таква мерка се штити домашното производство.

„Во согласност со моите информации и тоа што го кажуваат одредени челнови на Европската Унија е да го заштитат домашното производство. Ако има други наоди и ние сме информирани како Влада и како држава, секако дека ќе ги преземеме соодветните мерки“, вели министерот Бектеши.

Полска и Унгарија минатата недела забранија увоз на жито и земјоделски производи од Украина, што од Европската Унија беше оценето како неприфатлива и еднострана акција на земјите членки.

Економија

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и на стабилноста на девизниот курс

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според него, во моментов најизразени се неизвесностите поврзани со новите трговски политики на САД и потенцијалните реципрочни мерки од големите светски економии. Иако директната изложеност кон американскиот пазар е мала, индиректните ефекти преку намалување на побарувачката во ЕУ не се занемарливи. Дополнителна загриженост отвараат можните ефекти врз глобалната инфлација преку синџирите за снабдување и инфлациските очекувања.

„Трговските тензии се надоврзуваат на постојната неизвесност поврзана со геофрагментацијата, политичките нестабилности и состојбата во германската автомобилска индустрија. Дополнително, брзиот развој на технологијата и вештачката интелигенција, кои нудат огромни можности, истовремено можат да предизвикаат и зголемени ризици за монетарната политика во иднина“.

Во однос на одговорот на монетарната политика на ваквите предизвици, тој подвлече дека е неопходно одлучувањето да се темели на широк спектар на податоци и анализи, изготвување алтернативни сценарија и пред сè –посветеност на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс.

„Народната банка останува подготвена да одговори на евентуални непредвидливи предизвици, потпирајќи се на искуството од справувањето со екстерни шокови во минатото. Од суштинско значење е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилитетот на нејзините политики. Солидното ниво на девизни резерви е гаранција за стабилноста на девизниот курс на националната валута“, истакна гувернерот.

Славески посочи дека Народната банка ќе продолжи да ги унапредува своите капацитети за справување со предизвиците и дека, иако сите неизвесности не можат да се отстранат, навремено поставување на вистинските прашања е клучно за пронаоѓање на појасна насока за иднината.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка: Финансиската стабилност е задржана

Објавено пред

Од

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови.

dobivaj vesti na viber

„Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците и друштвата за лизинг – ја задржаа својата стабилност, покажувајќи добра отпорност на шокови и способност за приспособување на промените во економското и регулаторното окружување. Финансиските институции работеа во услови на умерено забрзан економски раст и постепено намалување на инфлацијата, додека геополитичкото опкружување остана нестабилно, носејќи со себе неизвесност и зголемени ризици“, соопштија од Народната банка.

Во Извештајот се оценува дека банкарскиот систем ја задржал стабилноста, зголемувајќи ја адекватноста на капиталот до највисокото ниво досега, ликвидносната позиција уште повеќе се подобрил, а се одржал и добриот квалитет на кредитното портфолио. Макропрудентните мерки што ги донела Народната банка помогнале за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

„Приватните пензиски фондови го сочинуваат вториот по големина сегмент од финансискиот систем. Нивните остварувања се подобрија во 2024 година, остварувајќи повисоки номинални и реални стапки на принос. Ризиците за финансиската стабилност од приватните пензиски фондови засега се ограничени поради сѐ уште младото членство на фондовите и минималните исплати врз основа на пензии. Ограничени се и ризиците од осигурителниот сектор, кој одржува соодветна солвентност и ликвидност и солидна профитабилност. Останатите сегменти на финансискиот систем се значително помали, а во 2024 година се издвојуваат отворените инвестициски фондови, кои остварија висок раст на средствата од над 60%, кој се должи на привлекувањето нови инвеститори и/или нови средства во отворените инвестициски фондови, но и на управувањето со средствата“, се наведува во соопштението.

Во Извештајот се оценува дека ризиците од нефинансискиот сектор се умерени со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и ниската стапка на нефункционални кредити во кредитното портфолио на банките. Иако задолженоста на двата нефинансиски сектора расте во 2024 година, и е во рамки на праговите на ранливост и на двата сектора, сепак со долгот треба внимателно да се управува за да се одржи во истите рамки и во следниот период, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Амазон ќе ја плати најголемата трговска казна во историјата

Објавено пред

Од

Амазон се согласи да плати 2,5 милијарди долари за да реши тужба од страна на американската федерална влада, која ја обвини дека измамила милиони луѓе да се регистрираат на Prime, а потоа им го отежнала откажувањето.

dobivaj vesti na viber

Според спогодбата објавена од Федералната трговска комисија (FTC), 1,5 милијарди долари ќе им бидат исплатени на клиентите кои биле измамени да ја користат услугата. Тоа е најголемата трговска казна што FTC некогаш ја обезбедила.

Спогодбата беше постигната неколку дена откако започна судењето пред порота во Сиетл. Амазон ниту ги призна ниту ги негираше обвиненијата и не одговори на прашањата на медиумите.

Prime нуди бесплатна достава, стриминг на филмови и други бенефиции. Услугата чини 139 долари годишно (или 14,99 долари месечно) во САД и 95 фунти годишно во Велика Британија, а ја користат стотици милиони луѓе ширум светот.

ФТЦ тврди дека Амазон користел агресивни скокачки прозорци за време на плаќањето за да ги охрабри клиентите да се регистрираат за Prime, честопати без јасно објаснување на условите или опцијата за одбивање на понудата.

Бесплатните едномесечни пробни периоди беа исто така проблематични бидејќи клиентите не беа јасно предупредени дека автоматски ќе им биде наплатено членството по завршувањето на пробниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија5 часа

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија6 часа

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија6 часа

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија9 часа

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...

Македонија9 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија10 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија10 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија11 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет12 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија12 часа

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија20 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија1 ден

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија1 ден

Ресенци алармираа: Преспа годишно има по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилитет и со проблеми со тироидната жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа ѝ треба заедничка акција, која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија1 ден

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија1 ден

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија1 ден

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија1 ден

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија1 ден

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...