Економија
Бектеши: Две турски компании во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод
Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во Северна Македонија, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Компаниите ‘Акса догалгас дагити А.С.’ и ‘Палмет енерџи аноним ширкети’ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза, која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија“, напиша Бектеши на својот „Фејсбук“.
?Dy kompani turke kanë hyrë në garë për ndërtimin e gazsjellësit kryesor të gazit në Maqedoninë e Veriut.
✔️Kompanitë “…
Posted by Kreshnik Bekteshi on Wednesday, 25 November 2020
Условите што требаше да ги исполнат заинтересираните инвеститори за учество на јавниот повик што го објави Министерството за економија се: најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција, да имааат дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 во последните 3 години и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години.
„Природниот гас е едно од горивата што значително ќе придонесе за енергетска транзиција до 2040 година. Затоа гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Оправданоста за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија произлегува од фактот што на граѓаните како и на субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор треба да им се понуди и друга можност за снабдување со гас како поеколошки енергенс во споредба со постојните енергенси“, објаснува Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

