Економија
Бектеши: Иднината на Западен Балкан е зелена трансформција и засилени инвестиции во обновливи извори на енергија
И покрај енергетската криза што ја зафати не само Северна Македонија, туку и целиот свет, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор се еден од главните приоритети на Владата, со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија, како и придвижување кон зелена економија. Во изминатите неколку години Владата направи неколку реформи во енергетскиот сектор со што започнавме процес на декарбонизација, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Конференцијата „Западен Балкан: Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“ која што денеска се одржа во Вашингтон.
Министерот Бектеши се обрати на панел дискусијата на тема: Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност, на која што се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во процесот на декарбонизација и промоција на обновливи извори на енергија.
Министерот во своето обраќање потенцираше дека потребата од енергетска трансформација на Западен Балкан што значи декарбонизација и зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија е еден од најголемите приоритети, пред се во услови на енергетска криза.
“Северна Македонија е првата земја членка на Енергетската заедница, која изработи Национален план за енергија и клима, кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност. Декарбонизацијата е и еден од главните столбови на националната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година. Зависноста на земјата од увоз на природен гас, како и од повеќето горива, го прави сценариото за декарбонизација значително ранливо на превирањата на пазарите за јаглен, нафта, природен гас и електрична енергија, предизвикани од руската инвазија на Украина” кажа министерот Бектеши.
Како обрски кои ги има превземено Северна Македонија во делот на декарбонизација предвидуваат во наредниот период да за затворат термоелектраните и со тоа да се стопира производството на електрична енергија од јаглен, да се зголеми учеството на обновливите извори во енергеткиот сектор – процес кој веќе е започнат со инвестиции во фотонапонски централи, како и намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.
„Северна Македонија постигна значителен напредок во декарбонизацијата и климатските активности во националните стратешки и акциски документи за енергија и клима. Согласно Стратегијата за развој на енергетиката, учеството на ОИЕ во бруто-финалната потрошувачка на енергија се очекува да се зголеми, достигнувајќи во опсег од 35-45% во 2040 година“ кажа Бектеши.
Министерот потенцираше дека Северна Македонија во делот на природниот гас во моментот е целосно зависна од рускиот гас, но со поддршка на нашите партнери САД и ЕУ минатата година државата успеа да обезбеди дополнителни капацитети во гасоводот со Бугарија, а до крајот на годината ќе започне и изградбата на интерконекторот со Република Грција со што ќе се диверзифицираат изворите за снабдување со овој енергенс.
“Работиме на гасно поврзување со Србија и со Косово што би значело поголема енергетска независност на регионот” кажа министерот.
На панел дискусијата “Енергетска диверзификација: Кон европска енергетска независност” се обратија Џефри Пајат, помошник државен секретар за енергетика во Стејт Департментот, Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, министер за животна средина,, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Ведран Лакиќ, министер за индустрија, рударство и енергетика на Федерацијата БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

