Економија
Бектеши – Куантуров: Големи се можностите за развој на билатералната трговија меѓу двете земји
Со многу конструктивни предлози, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Македонија и Казахстан, заврши првата седница на меѓувладината македонско-казахстанска комисија за следење на договорот меѓу владите на Република Македонија и на Република Казахстан за трговска и економска соработка, ратификуван на 3 ноември 2022 година.
Со комисијата претседаваше министерот за економија, Крешник Бектеши, како домаќин, и министерот за национална економија на Казахстан, Алибек Куантуров, како копреседавач.
По 9 години од потпишувањето на билатералниот договор за трговска и економска соработка, Бектеши истакна:
„Економските области, кои се опфатени на оваа седница, треба да дадат нова димензија во нашите трговски релации и значајно да ги подобрат трговските бројки. Задоволство е што минатата година се потпишаа четири меморандуми за соработка помеѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и четирите македонски комори: Стопанските комори на Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, кои се предуслов и стабилна основа за соработка и позитивен тренд за вмрежување компании од двете земји“.
Министерот информира дека билатералната трговска размена помеѓу двете земји во периодот 2017-2022 година е релативно мала и изнесува 29,9 милиони долари во 2018 година, 3,3 милиони долари во 2019 година, 1,4 милион долари во 2020 година, 4,7 милиони долари во 2021 и 2,8 милиона долари во периодот (јануари-август) 2022.
„Владата на Македонија останува посветена на привлекување странски инвестиции и ги поканува инвеститорите од Казахстан да учествува во инвестициски проекти. Имаме развиен концепт на привлекување странски инвестиции во слободните економски зони и во индустриски зони. Компаниите што работат во слободните економски зони учествуваат со приближно 50 % од вкупниот извоз на земјата во септември 2022 и над 14.000 вработени. 100 % странска сопственост, 0 % даноци и царина, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко“, рече Бектеши и додаде дека во 2020 година првпат е донесен закон за стратешки инвестиции, кој се однесува на инвестициски проекти од јавен интерес. Тие проекти треба да бидат усогласени со стратешките приоритети на државата“, изјави министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

