Економија
Бектеши: Објавени два јавни повика за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за занаетчии
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повика за поддршка на домашните компании.
„Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, коишто ќе траат заклучно со 6 мај 2022 година, односно еден месец. Поддршката од страна на Министерството за економија којашто е предвидена за домашните компании преку овие два јавни повици е вкупно 56 милиони денари, односно приближно ЕДЕН милион евра. При што вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра“, кажа Бектеши.
Како што информираше министерот, условите на Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија предвидуваат: да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост и управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес на, но не повеќе од 200.000 денари по барател.
„Согласно Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, ќе бидат кофинансирани 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати наменети за работа, кои се направени во текот на 2021 и 2022 година, но не повеќе од 100.000 денари по барател“, кажа Бектеши и додаде дека и за двата јавни повика, согласно условите, субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирено сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста –Преработувачка индустрија.
„Средствата кои се на располагање на двата јавни повика ќе се распределат кај сите апликанти коишто ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој. Тоа значи дека апликантите покрај износот за кофинансирање утврден во Јавниот повик ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на апликантот, која ќе се пресметува врз основа на процентуална разлика помеѓу планскиот регион со највисока вредност на БДП по глава на жител и вредноста на БДП по глава на жител на планскиот регион во кој е седиштето на барателот на финансиска поддршка“, кажа Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

