Економија
Бектеши: Продолжува поддршката за бизнисот

„Повеќе од 100 компании од Куманово и Кумановскиот Регион добиле над 700 илјади евра директна финансиска поддршка од мерките и програмите што се реализираат преку Министерството за економија и Владата.
Ова, како што велат од Министерството за економија, значи дополнителни инвестиции во периодот по завршување на кризата предизвикана од пандемијата, но и отворање нови работни места.
„Ние остануваме посветени во директна комуникација со бизнис-заедницата да креираме мерки што ќе произлезат од јавно-приватниот дијалог“, порача министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој, денеска, заедно со пратеникот во Собранието, Арбер Адеми, и заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, беше во посета на повеќе компании од преработувачката индустрија, но и туристичко-угостителскиот сектор и занаетчии, кои се корисници на мерките што минатата година се реализираа преку Министерството за економија.
„Сакам да ги повикам сите компании да аплицираат за мерките на Министерството за економија и да ги искористат за набавка на машини, опрема и други инвестиции. Оваа година првпат јавните повици се спроведуваат по принцип на распределба на развиеност на плански региони за што предност ќе имаат Куманово и Кумановскиот Регион како дел од Североисточниот Плански Регион, тоа ќе значи дека почнуваме со еднаква распределба на финансиската поддршка во целата држава“, потенцира Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.