Економија
Бектеши: Туризмот е една од најпогодените индустрии од ковид-пандемијата
Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на петтата туристичка берза истакна дека туризмот е една од најпогодените индустрии од ковид-пандемијата.
Додаде дека заедничката цел заедно со туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и сè да се врати во нормала.
„Република Северна Македонија е една од земјите коi го сметаat туризмот како приоритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно-историските споменици, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Владата на Република Северна Македонија веќе презеде низа активности во сите Пет пакети на мерки коишто досега ги објавивме, со цел во овие тешки времиња да се помогне на туристичката индустrија и да се зачуваат работните места.Токму овој сектор беше и најмногу поддржан и опфатен во сите Пет сета мерки“, рече Бектеши.
Испрати охрабрување до сите чинители да продолжат со активности за закрепнување.
На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај корона-кризата голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе земјата ќе се задржи на светската мапа за туризам.
„Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Македонија сè уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки екосистем за туризам и подобро промовирање на Македонија како туристичка дестинација“, рече амбасадорката Зутер.
Претседелот на Асоцијацијата за дојдовен туризам, Влатко Сулев, потенцира дека петтата македонска туристичка берза е многу важна одлука зашто отворањето на границите е сè поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

