Економија
Бектеши: Целта е намалување на јазот меѓу домашните и странските инвеститори, зголемување на вработеноста и платите
Министерот за економија, Крешник Бектеши, и претставници од земјите од регионот дадоа свои видувања на министерскиот панел посветен на државната помош за инвеститорите, во рамки на Европскиот самит на слободни зони што од денеска се одржува во Скопје со над 350 учесници.
„Во претходнава декада механизмот за државна помош во Северна Македонија беше оценет со недостаток на транспарентност и немање вистинска економска логика, во смисла на износот потрошен за напорите за привлекување наспроти новоотворените работни места создадени од новите странски инвестиции и придобивките за локалната економија. Со цел да се реши проблемот, новата Влада го воведе Планот за економски раст и подобрување на животниот стандард на земјата, кој е преточен во владината политика по јавна дебата со бизнис-секторот. Факт е дека напорите за унапредување на СДИ треба да бидат придружени со одредени владини стимулации, но пристапот на Владата има за цел понатамошно поврзување и развој на локалната економија во партнерство со компаниите кои работат во технолошките индустриски развојни зони во земјата. Еднаквиот третман на домашните и странските инвеститори придонесе за намалување на јазот меѓу нив, а целта е понатаму да се зголеми вработеноста и да се стимулира зголемувањето на нето платите“, истакна Бектеши.
На дебатата се разговараше за усогласување на регионот за политиките и унифицирањето на ставовите околу доделувањето на државната помош, поради потребата за нејзино усогласување на иницијатива на ЕУ.
Антоанета Барес, генерален директор на Националната компанија за индустриски зони во Бугарија, истакна дека нејзината земја, како членка на ЕУ ги следи движењата во еврозоната, како што се брзите процедури, можноста за купување земјиште и инвестирање во зоните. Но, според Барес, најголемиот проблем на Бугарија е недостигот на работна сила, па оттаму потребата заеднички, во партнерство со земјите од регионот да се работи на произведување на квалитетен кадар кој ќе биде оспособен да работи со висока технологија, карактеристична за компаниите присутни во технолошките зони.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на Северна Македонија, Александар Младеновски, упати порака дека државната помош не е најважната работа, туку создавањето квалификувана работна сила.
Директорот на „Ентерпрајс Грција”, Стерјулис Григорис, потсети на бизнис-форумот меѓу компании од Северна Македонија и од Грција кој неодамна се одржа во Скопје.
„Пред месец дена бевме во оваа сала со стотина бизнисмени од Грција и од нив ја слушнав пораката за заедничка соработка. Би сакал да нагласам дека Грција целосно ја поддржува Северна Македонија што поскоро да влезе на пазарот на ЕУ. Државите од регионот имаат потреба од економска соработка и на тој начин сите ќе имаме подобри резултати. А влезот во слободните зони овозможува зголемување на опсегот на глобализацијата“, порача Григорис.
По завршување на министерската панел-дискусија беше потпишан договор за соработка помеѓу ТИРЗ и Светската организација на слободни зони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.
Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.
„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.
Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.
Економија
Минт кредит – роденденска акција што носи подарок
Време е за нови можности и убави изненадувања, затоа што Минт Кредит слави роденден, а кога се слави роденден – подароците се задолжителни. Овој пат, Минт Кредит те изненадува со специјален роденденски Mint Store ваучер покрај брзата финансиска поддршка
Избери износ што ти одговара и добиј подарок::
• Кредит до 30.000 МКД – ваучер од 1.000 МКД
• Кредит до 60.000 МКД – ваучер од 2.000 МКД
• Кредит до 300.000 МКД – ваучер од 3.000 МКД
Брзо, едноставно и без компликации:
✔️ Минимум 12 рати рок на отплата
✔️ Онлајн апликација од каде било
✔️ Одобрување за само 10 минути
Искористи ја роденденската акција и добиј повеќе вредност со секоја апликација – финансиска поддршка плус Mint Store ваучер за шопинг.
Минт Кредит – Кога вредноста е двојна, изборот е јасен.
Аплицирај на Минт Кредит За повеќе информации јави се контактирај се на 15 107, или во една од нашите канцеларии.
*Подарокот важи за одобрени и исплатени кредити.
ПР
Економија
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој под раководство на искусен професионалец, кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.
Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.
Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.
Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.
ПР

