Економија
Бесими и Наумов: Грант до 15.000 евра за нови вработувања и успешност преку „Ковид 4“
До 15.000 евра грант-средства за фирмите од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои ќе ја користат новата бескаматна линија „Ковид 4“, доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава. Денес министерот за финансии, Фатмир Бесими, и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, ги презентираа условите на бескаматна линија од петтиот пакет-мерки, за која ќе може да се аплицира по објавување на јавниот повик кон крајот на мај.
За мерката се издвоени вкупно 615 милиони денари или 10 милиони евра од буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка. Висината на поединечните кредити ќе изнесува од 3.000 до 30.000 евра. Мерката има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството, но и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите.
„Условите за оваа линија се направени така да ги наградуваат успешноста во работењето на фирмите, инвестициите и проширувањето на капацитетите. ‘Ковид 4’ линијата, предвидува грантови за успешност во случај доколку фирмите ги зголемат вкупните приходи во 2021 година за најмалку 10% споредено со 2020 година – тогаш ќе имаат право да побараат грант од 30% од кредитот, или во случај доколку го зголемат бројот на вработени во 2021 година за најмалку 5% – тогаш ќе можат да побараат грант од 20%. Доколку, пак, се исполнат и првиот и вториот услов, кредитокорисникот може да оствари право на грант од 50%. Вкупната сума на грантот може да биде од 600 евра – минимален износ, до 15.000 евра – максимален износ. Фирмите ќе можат да поднесат барање за грант-средства до банката, во моментот кога ќе отплатат 40% од кредитот“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Директорот на Развојната банка, Кире Наумов, информираше дека ,,Ковид 4” е наменета за микро, малите и средни трговски друштва до 250 вработени од дејностите туризам, угостителство, ивент индустрија и транспорт, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите, кои можат да докажат пад на приходите од најмалку 30% и имаат капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.
„Износот на кредит кој ќе може да го користи одреден субјект ќе зависи од бројот на вработените во месец јануари, февруари или март 2021 година и падот на приходите во 2020 година, во однос на 2019 година. Субјектите кои имаат пад на приходи помеѓу 30 и 50 проценти, ќе може да користат кредит по 15.200 денари по вработен, додека субјектите кои имаат пад на приходи повеќе од 50 проценти ќе може да користат кредит по вработен од 22.000 денари. Така на пример, субјект со 20 вработени, кој претпоставуваме има пад на приходите од 35%, ќе може да користи кредит: 15.200 денари по 20 вработени по 3 месеци = 912.000 денари (или 14.830 евра). Доколку овој субјект има пад на приходите од 60%, тоа е пад повеќе од 50%, тогаш ќе може да користи кредит најмноигу до 1.320.000 денари (или 21.460 евра) пресметан како 22.000 по 20 вработени по 3 месеци“, рече Наумов.
Корисниците на „Ковид 4“ не можат истовремено да ја користат мерката Финансиска поддршка за исплата на плати од Петтиот пакет, како и корисниците на „Ковид 3“ линијата. Корисниците на „Ковид 1“ и „Ковид 2“, можат да бидат корисници на „Ковид 4“, доколку ги измириле сите достасани обврски по основ на претходните кредити.
Исто така, сите потенцијални корисници на ,,Ковид 4” кредитната линија, треба навремено да ги завршат обврските за пријавување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици при Централниот регистар.
Рокот на отплата на кредитите од оваа бескаматна линија е до 42 месеци со грејс период од 12 месеци, додека отплатата на кредитот ќе се врши квартално по 10% од главнината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

