Економија
Бесими не им се заканувал на вработените револтирани оти платите не им се покачени 30 проценти
Немало никакви закани за вработените во Министерството за финансии, кои одлучиле да покажат револт од непокачувањето на платата за одобрените 30 %, рече денес министерот Фатмир Бесими.
Тој објасни дека на разговор ги повикал раководителите на секторите за да ги извести за измените по седницата на Владата, но без закани.
„Влезете, прашајте кого било дали се плашат. Нема никакви закани. Јас ви кажав, таа идеја, која требаше да ја презентираме, беше од Министерството, да се зголеми платата. Тоа не беше барање на вработените, апсолутно. Притисокот беше што вработените ја напуштаат работата, си одат. Во тој поглед, тоа што де факто се случи, бидејќи јас бев на седница на Владата, ме информираа дека има таква состојба, се вратив од седница и ги викнав раководителите. Им објаснив за што се работи за да ги информираат вработените. Толку беше, нема никакви закани“, рече министерот Бесими.
Тој појасни дека парите во буџетот се наменети токму за покачување на платите и каде ќе завршат, може да одлучи само Собранието.
„Се знае како функционира буџетот. Единствен што може да каже каде одат тие пари се пратениците во Собранието, кога се гласа буџетот, се знае каде одат тие пари. Тие не се мои лични пари, не се на министер, ниту на Влада. Тие се пари на граѓаните за кои единствено Собранието дава согласност. Буџетот има сила на закон и не смее во ниту една ситуација да се прекрши и да се трошат на друго место“, рече министерот Бесими.
Правната пречка поради која не им беше покачена јануарската плата на вработените во Министерството за финансии од Владата објаснија дека се неможноста да се утврди специфичноста на работните задачи и посебната одговорност, која произлегува од работната позиција што ќе се регулира со допрецизирање на одредбата од Законот за буџетите или со самиот Закон за систем на платите во јавниот сектор, кој е во завршна фаза.
Пред пратениците допрва треба да се најде предлог-закон за изменување на Законот за буџетите, а опозицијата веќе најави дека нема да поддржи зголемување на платите, со кое се издвојуваат платите во Министерството за финансии оти повисоки плати треба да има за сите вработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

