Економија
Битиќи: Годинава исплативме рекордна финансиска поддршка за компаниите од 39,6 милиони евра преку ЗФПИ
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на заедничка прес-конференција ги презентираа податоците за исплатата на државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), кој е дел од планот за економски раст, воведен во 2017 година, преку кој Владата им дава помош и поддршка на домашните компании за развој и нови инвестиции, а со тоа и за нови вработувања и е наменет за поддршка на развој и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
„Планот за економски раст, кој е наменет за поддршка на развој и зголемување на конкурентноста на домашните компании, е воведен во 2017 година, првите исплати кон компаниите се прават на крајот на 2018 година. До воведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, или како ние кратко го нарекуваме ЗФПИ, состојбата е следна: поддржани нула домашни компании, со нула финансиска поддршка за нивните инвестиции. ЗФПИ првенствено донесе ист третман на домашните со странските компании во поддршката кон нивните инвестиции и сега шест години подоцна ја имаме следната состојба. Во моментот целото портфолио во мојот кабинет е од 919 компании, кои во овие шест години имаат инвестирано над 500 милиони евра, а имаме исплатено 100 милиони евра финансиска поддршка кон нив“, рече Битиќи.
Според него, преку оваа поддршка се јакнат довербата и партнерскиот однос помеѓу стопанството и институциите.
„Ако порано постоел страв да се побара каква било поддршка од државата, затоа што тоа значело инспекции и уцена, денеска имаме сосема поинаква слика, не само на редовна исплата, која пред 2 години ја направивме и во двегодишни транши за да ги помогнеме компаниите во нивната ликвидност за време на кризата, туку и од 2020 година со почетокот на мојот мандат имаме 100 % исплата на државната помош. Оваа година исплативме рекордна сума финансиска поддршка кон компаниите. 39,6 милиони евра се исплатени кон 513 компании, а кои во минатата 2022 година реализирале вкупни инвестиции од 153,3 милиони евра“, додаде Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

