Економија
Битиќи на бизнис-форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности, кои како регион треба да ги искористиме
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска присуствува и се обрати на бизнис-форум со Стопанските комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
Бизнис-форумот е во организација на македонската амбасада во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско-хрватскиот деловен клуб, а учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопанските комори, како и голем број компании од двете земји.
Во своето обраќање на отворањето на бизнис-форумот вицепремиерот Битиќи се осврна на можностите што се отвораат пред нас.
„Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската Унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност наместо кон регионалната конкуренција да создадеме пазар, што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и сигурен партнер за целата Европска Унија. Процесите на Near или Friend Shoring се неизбежни и ние како регион мора да ја искористиме шансата“, истакна Битиќи.
Истакнувајќи дека Хрватска како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ кон кој се стреми и нашата држава, како и додека се подготвуваме за влез во ЕУ, многу стандарди веќе се усогласени со оние на Европската Унија. Дополнувајќи дека искуствата што Хрватска ги има ќе ги земеме како лекции за побрзо интегрирање на нашата земја.
„Одлично е што денес овде имаме претставници од коморите, кои верувам дека може да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека таа би била плодна бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите може да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците“, заклучи Битиќи.
На бизнис-форумот претставници на кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа и презентација за можностите и условите за инвестирање во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

