Економија
Битиќи: Нова инвестиција од 13,5 милиони евра и нови над 500 работни места за граѓаните од Пелагонискиот Регион
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата „Бреинчајлд продукција“, која произведува спортска опрема наменета за водните спортови со ветер или поточно опрема што се користи за сурфање на водни површини.
Во неговата изјава по посетата, вицепремиерот Битиќи изјави дека „ Бреинчајлд продукција“ е прогресивна и амбициозна компанија, која својот развој го планира во Северна Македонија, што е потврда дека во нашата земја имаме атрактивен и стимулативен економски амбиент, кој создава доверба и сигурност кај инвеститорите и ги охрабрува на проширување на нивните деловни активности.
„Бреинчајлд продукција“ планира основање две нови компании, од кои едена во делот на производство, а другата ќе биде фокусирана во активности на истражување и развој, со вкупна вредност на инвестициите од над 13,5 милиони евра. Вредноста на планираната инвестиција во производство е 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат вкупно 530 вработувања“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информира дека во делот на истражувањето и развојот „Бреинчајлд продукција“ планира инвестиција од 2 милиона евра, која ќе создаде 35 нови работни места, кои ќе им дадат шанса на граѓаните од Пелагонискиот Регион да го искористат и унапредат своето знаење преку работни процеси што развиваат и креираат дополнителна конкурентска вредност на финалните производи.
„За реализација на инвестициите компанијата веќе има обезбедено градежни парцели во индустриската зона Жабени, а во моментот сме во фаза на подготовка на договорите за државна помош во согласност со Законот за контрола на државната помош“, рече Битиќи.
Заменик-претседателот на Владата, Битиќи, истакна дека со реализацијата на оваа инвестиција уште еднаш се покажува дека како држава имаме изградено реален капацитет и услови за поттикнување и реализација на нови инвестиции во делот на реалниот сектор, кои отвораат нови и добро платени работни места, кои откриваат нови хоризонти за развој и надоградба на работни вештини и знаења усогласени со потребите на високотехнолошки процеси на производство.
Ралф Хенинг Гросел, сопственик и менаџер на „Бреинчајлд продукција“, изјави дека нивната компанија изработува опрема за спортови на ветер од еколошки и одржливи материјали од најсовремените технологии, со производствени капацитети во разни држави вклучително и на азискиот континент, но дека условите за компаниите, особено поддршката на Владата за инвестициите биле пресудни да го преселат нивниот бизнис во Северна Македонија.
„Бидејќи нашиот главен пазар е во Европа, размислувавме да го донесеме нашето производство овде. Фактот што Северна Македонија е во срцето на Европа и поседува голем потенцијал во работна сила, но истовремено нуди и владина финансиска поддршка на инвестициите, беше многу ветувачки за нас, особено во плановите за изградба на нов производствен капацитет од 10 илјади квадратни метри“, изјави Гросел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

