Економија
Битиќи: Оваа година мораме суштински да го отвориме прашањето за работната сила во нашата земја
Оваа година мораме суштински да го отвориме прашањето за работната сила во нашата земја, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој денеска се обрати на годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија.
На прашање на модераторот на панелот, професорот Бишев, кои се приоритети за нашата економија, вицепремиерот Битиќи се осврна на претходните 3 години на предизвиците и лекциите низ кои поминавме и наученото од нив осврнувајќи се на главниот приоритет на нашата економија, а тоа е прашањето: Дали во 30 години сме успеале да направиме економија која е доволно конкурентна и која е доволно еластична за да се справи со кризи и непредвидливи ситуации. Одговорот е и да и не, посочи Битиќи.
„Да, имаме таква економија бидејќи последниве години ни потврдија дека е издржлива, отпорна и може да преживее и големи и непредвидливи кризи, како Ковид-19 и оваа енергетска криза, но, од друга страна, недоволно бидејќи се уште сме увозно зависни и се соочуваме со недостиг на ресурси“, рече вицепремиерот Битиќи.
Тој се осврна на неколку краткорочни и долгорочни цели на кои мораме да се фокусираме доколку сакаме конкурентна и жилава економија, која ќе носи кон развој.
„Имаме неколку краткорочни приоритети на кои работиме веќе од вчера, денеска, утре. Првата е намалување и одржување на стапката на инфлација, без притоа економијата да влезе во рецесија.
Вториот приоритет е енергетска стабилност и диверзификација, притоа не заборавајќи на социјалниот аспект или праведната транзиција како никој не би бил оставен изложен на ценовен шок и незаштитен. На ова работиме посветено и резултатите се веќе видливи, да не ги повторувам, ги спомена и премиерот во своето обраќање.
Сметам дека финансиската поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите треба да продолжи и в година. Владата претходната година силно го помагаше стопанството, што придонесе со одржување на економската кондиција и задржување на работните места, дополнително и инвестиции за зголемување на нивната конкурентност преку отворање нови производни линии, унапредување на технологијата и инвестиции во истражување и развој. Справување со недостигот на работна сила е прашање што ќе мораме да го отвориме в година, затоа го ставам во краткорочни приорити, но ќе премине во долгорочно размислување и развој на економијата“, истакна Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи ја продолжи дискусијата кон подолгорочните цели за развој на нашата економија и држава воопшто.
„Овие долгорочни приоритети треба да водат кон креирање предвидливост и промена на структурата на нашата економија“, посочи Битиќи, кој спомена во своето обраќање дека исклучително важен чекор е почнувањето со креирање националната развојна стратегија, која нема да биде само економски документ, туку стратегија што ќе мапира пат за целокупен развој на нашата земја за следните 20 години.
„Краткорочна цел во која треба да гледаме, а која ќе има долгорочни ефекти, е покачување на продуктивноста и соодносот со платите, но и конечно мораме да зборуваме за отворање на нашиот пазар на труд“, порача Битиќи, кој обраќајќи се кон присутните во салата, истакна дека нема некој во просторијата, односно нема компанија што не се бори со недостиг на работна сила. „Моја заложба е напролет оваа година да ја отвориме целосно дискусијата, како и оперативниот план за вработување за квотата за странци во нашата земја. Сметам дека е време да го отвориме нашиот пазар на труд, со цел зголемување на конкурентноста, а знаеме дека за зголемување на конкурентноста клучен е човечкиот фактор“, заклучи Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

