Контакт

Економија

Битиќи: Проблемите треба да се решаваат системски, но ако граѓаните имаат потреба, ќе има нови економски мерки

Објавено пред

Мерките не треба да бидат само ад хок, туку системски да се решававаат проблемите, рече виепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „Раде Кончар“.

dobivaj vesti na viber

„Оваа недела ќе треба да пресечеме која е најдобрата мерка што треба да ја аплицираме“, рече Битиќи.

Тој вели дека ако е потребно, ќе има нови мерки за граѓаните.

„Што се однесува до ваучерите, тоа беше ад хок мерка направена во време на криза, но притоа морам да повторам дека во сетот мерки што сега се предвидува. Отпишување на каматите за долговите кон јавните претпријатија, без разлика дали се на локално или национално ниво“, рече Битиќи.

Тој вели дека со оглед на тоа што целиот пакет содржи некаде околу дваесетина мерки, ќе дојдат доволно средства до оние што се најзагрозени.

„Сметам дека да бидеме коректни кон јавноста, никој не е изоставен од мерките и нема да биде изоставен. Секако, не треба да заборавиме дека ние како Влада, знаејќи дека влегуваме во период во кој сè уште ќе се справуваме со Ковид-19, креиравме програми во ресорните министерства и ги дополнивме со финансиски средства. Поддршката на платите не изостанува во петиот пакет-мерки, едноставно поинаку ги гледаме работите. Ќе има финансиска помош за платите. Со тоа што некој вели оти тоа се неповратни средства, најверојатно информациите немаат допрено до сите, треба да се исполнат услови за таа помош да биде неповратна“, рече вицепремиерот Битиќи.

Економија

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ. На средбите присуствуваше и министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

dobivaj vesti na viber

Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот директор Јерон Клик, заменик-директорите Марникс ван Рај и Владислав Рашкован и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили.

На средбите, високите претставници на ММФ го поздравија приклучувањето и реализацијата на првите трансакции во СЕПА, како и потпишувањето на Писмото на намери со Банката на Италија за развивање на клон на ТИПС системот на ЕЦБ за земјите од Западен Балкан за натамошна модернизација и овозможување инстант плаќања во домашните, меѓусебните прекугранични плаќања и плаќањата со другите земји во СЕПА.

На средбите се разговараше за најновите макроекономски случувања во земјата, како и за очекувањата за идните движења. Славески истакна дека Народната банка е цврсто посветена на одржувањето на ценовната стабилност, за што се осврна на мерките преземени од страна на централната банка во насока на остварувањето на оваа цел. Дополнително, гувернерот ги образложи новите макропрудентни мерки донесени од страна на Народната банка насочени кон понатамошно одржување на финансиската стабилност.

Претставниците на ММФ посочија дека прудентната монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и постепено намалување на инфлацијата, при што создава услови за стабилен економски раст, што се потврдува и со најновите проекции на ММФ за македонската економија, со очекуван растот годинава од 3,4%, а за следните години одржување на нивото околу 3%. Истовремено, инфлацијата се очекува во континуитет да продолжи да забавува и да се сведе на историското ниво од околу 2% на среден рок.

Во разговорите беше потврдена и континуираната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ. Во изминатиот период, преку техничките мисии на ММФ беа реализирани повеќе активности за модернизација на монетарните операции, подобрување на проекциите за ликвидноста на банкарскиот систем и зајакнување на супервизорските капацитети на Народната банка. Со тоа се зголеми ефикасноста и предвидливоста во спроведувањето на монетарната политика, како и отпорноста на банкарскиот систем на потенцијални ризици. Соработката со ММФ ќе продолжи и во наредниот период, со цел понатамошно усогласување со меѓународните стандарди и унапредување на аналитичките и оперативните капацитети на Народната банка.

Прикажи повеќе...

Економија

Ѓорѓиевски: Регионалниот пристап за земјите од Западен Балкан е можност за раст на економиите и подобро позиционирање на европскиот пазар

Објавено пред

Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваше на дводневната престижна конференција во Будва, Република Црна Гора организирана по 14 пат од страна на Стопанската комора на Црна Гора. Во рамките на конференциите ЕЕN – IFNNO на која покрај презентациите за европските проекти се остварија значајни контакти на групацијата за проекти при ССКМ со потенцијалните партнери и донатори од Европската Унија за идна соработка.

dobivaj vesti na viber

На маргините од првиот ден претседателот на ССКМ , Горан Ѓорѓиевски со делегацијата оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и води на Црна Гора, Владимир Јоковиќ. На средбата се потврди подготвеноста за соработка во aгро сегментот, заедничка соработка и споделување на искуства во развојот на руралниот туризам како неискористен потенцијал на двете земји. Се искажа подготвеност за заедничка соработка во аплицирањето на европските проекти како и соработката во споделување на искуства од страна на ССКМ со министерството за земјоделиe, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора.

Претседателот на ССКМ Ѓорѓиевски истакна дека идниот период потребно е двете земји да се фокусираат за зголемување на меѓусебната економска размена, развој на aгро сегментот, фокус на aгро и екотуризмот кој ќе доведе до успорување на миграцијата и намалување на притисокот во делот на човечките ресурси.

Покрај излагањето на врвни експерти за економија на конференцијата кои ги трасира идните чекори кон раст на регионот, на маргините од вториот ден Ѓорѓиевски оствари средба со претседателката на стопанската комора на Црна Гора, Нина Дракиќ, на која се предложија поголем број од иницијативи за развој на човечките ресурси како клучен елемент на идниот развој на бизнисите на двете земји, организирање на В2В состаноци во најзначајните економски сектори на двете земји, заеднички настап на европски проекти како и зајакнување на регионалниот пристап како клуч на успехот за економии на двете земји.

Ѓорѓиевски на средбата истакна дека во периодот пред нас потребно е да се изградат уште поцврсти мостови на соработка помеѓу двете бизнис комори во повеќе економски гранки од кои во следните години се очекува најзначаен удел во Бруто домашниот производ на Република Македонија и Република Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Економија

Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Објавено пред

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа.

dobivaj vesti na viber

Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа.

Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети старите столбови и проводници, како и инсталирани нови далечински уреди за мерење на нови локации.

Вкупната вредност на инвестициите за овој период изнесува 10,4 милиони евра, додека дополнителни 2 милиони евра се планирани до крајот на 2025 година. Со овие инвестиции, Електродистрибуција ја зајакнува дистрибутивната мрежа и поставува уште постабилна основа за понатамоштен развој на енергетскиот систем.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе даде, ниту ќе заборави“ ништо на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената...

Свет2 часа

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет2 часа

(Видео) Товарен авион „Боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа3 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на Лувр

Вчера утрото, околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз,...

Македонија8 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија8 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија9 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија10 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија10 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија11 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...

Македонија11 часа

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија12 часа

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија12 часа

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија12 часа

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија13 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија13 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија13 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија13 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија14 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...