Економија
Битиќи: Финансиски ги помагаме домашните компании да станат меѓународно препознаени брендови
„Макпрогрес“ од Виница е вистинскиот показател дека Законот за финансиската поддршка на компаниите е полн погодок, особено во делот на поддршка за развој и истражување“, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи денес ја посети во Виница компанијата „Макпрогрес“, чија примарна дејност е производство на кондиторски производи, поддржана преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите (ЗФПИ).
„Макпрогрес“, со своите 523 вработени, денес важи за еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, кој, покрај производството, располага и со центар за обука, за истражување и развој, како и лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување. „Макпрогрес“ извезува во 55 земји во светот, а во низата сертификати го има и халал-сертификатот, кој претставува виза за извоз на кондиторски производи и во исламските земји“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информира дека Владата со „Макрпогрес“ потпиша договор за финансиска поддршка на инвестиции за четиригодишниот циклус 2018-2021 година, преку кој на оваа компанија, која влезе во инвестиција од речиси 215 милиони денари, ѝ се исплатени околу 37,5 милиони денари државна помош, од кои над 14 милиони денари за технолошки развој и истражување.
„Се радувам на успесите на домашните компании, како што е примерот со компанијата ‘Макпрогрес’, која креира можности за вработување и развој на вештини во корист на младите во овој регион. Ова е една од причините за воведувањето на планот за економски раст поставен во 2017 година, преку кој Владата е на правиот пат да обезбеди економски раст и развој на нашата земја, но исто така обезбедува и рамномерен развој“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи напомена дека само во Источниот Плански Регион во 2022 година поддржавме 57 компании, при што вкупно исплатената финансиска поддршка е над 205 милиони денари, и ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме домашните компании за внесување иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари бидејќи на овој начин ги развиваме за нивните вработени.
Сопственикот на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, во својата изјава се заблагодари за финансиската помош и изјави дека во истражувачкиот центар младите ќе може да научат нови вештини.
„Го презентиравме нашиот план за досегашните инвестиции во последните осум години, кој надмина инвестиција од 16 милиони евра, но и новиот развоен план на компанијата, која планира до 2030 година да инвестира уште толку средства во развој на нови капацитети и нови иновативни производи. Ќе очекуваме поддршка од Владата, особено во делот на ЗФПИ, што ќе биде мотивација плус да влеземе во нови инвестициски циклуси“, изјави Цветанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

