Економија
Битиќи ќе се обрати на конференцијата за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во следните три дена ќе учествува и ќе се обрати на втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржи од 13 до 15 септември 2022 година во Инчеон, Република Кореја.
Битиќи ќе има воведно обраќање на отворањето на конференцијата утре кога ќе се обрати и извршениот директор на Зелениот климатски фонд, Јаник Глемарец, а потоа ќе учествува и на министерските панели.
Конференцијата ќе ги собере министрите, националните назначени органи на Зелениот климатски фонд, како и акредитираните ентитети (како Светската банка, ЕБОР, ФАО, УНДП, ГиЗ итн), за да обезбеди платформа за дијалог на високо ниво за преточување на долгорочните стратегии за редукција на јагленородни емисии и планови за отпорност на клима во инвестиции.
Настанот ќе направи преглед на улогата на Зелениот климатски фонд во овозможувањето активности за справување со климатските промени и ќе обезбеди платформа за засегнатите страни на Зелениот климатски фонд за ефективно да одговорат на сè поитните потреби за справување со климатските промени и исполнување на целите на Парискиот договор за клима. Конференцијата исто така ќе биде можност за дефинирање нови можности и проекти во разни сектори, како и споделување лекции од имплементацијата на конкретни проекти во разни земји.
Глобалната конференција за програмирање ќе се одржува заедно со конференцијата на Зелениот климатски фонд, Private Investment for Climate 2022 година.
Во текот на посетата вицепремиерот ќе оствари и неколку билатерални и бизнис-состаноци.
Учеството на вицепремиерот Битиќи на конференцијата е по покана и под покровителство на Зелениот климатски фонд, соопштија од неговиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

