Економија
Бонус игра за онлајн учесниците на Лото 7 и Џокер
ОВОЗМОЖЕНО ОД
WWW.LOTO.MK
Државна лотарија со задоволство најавува нова игра за забава и добивки, овој пат во вид бонус игра за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер кои своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб-страницата www.loto.mk.
Можноста за учество е веќе отворена и ќе трае заклучно со 12 март. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото-емисијата, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50 00 денари.
Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто во периодот на нејзиното времетраење ќе изврши уплата за игрите на среќа Лото 7 и Џокер преку веб-страницата www.loto.mk (по претходна регистрација). Од базата на податоци секоја среда, почнувајќи од 27 октомври, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто своите среќни броеви ги уплатил во период – од среда 19:01 часот заклучно со следната среда (до 19:00 часот). Едно неделно коло на бонус играта опфаќа две кола Лото 7/Џокер. За учество во бонус играта доволна е и една онлајн уплата во тек на една седмица, а едно исто лице не може да добие различни ID-броеви доколку повеќепати учествува. Со внимание кон сите правила за безбедно и одговорно приредување на оваа бонус игра, Државна лотарија извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Извлекувањето ќе се одвива во ТВ-емисијата, името на извлечениот гостин ќе го видиме на екранот, а истиот ќе биде уредно контактиран врз основа на неговите податоци внесени во апликацијата при регистрација. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење и време за паметење и секако добивка до 150 000 денари.
Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари.
Ги покануваме сите коишто играле и уплаќале Лото 7 и Џокер, а досега не се регистрирани за учество преку страницата www.loto.mk, да ја искористат оваа можност со којашто добиваат и комодитет на игра и уплата од дома или од кое било друго место, а секако и безбедност во време на коронавирус и во време на други вируси и настинки.
Ги покануваме и сите коишто досега воопшто и не размислувале да учествуваат во игрите Лото 7 и Џокер, да ја отворат нашата веб-страница и да си ги отворат можностите за радост и изненадување, со само 20 денари за комбинација и само 5 минути одвоено време.
Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.
Повеќе податоци на www.loto.mk
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

