Економија
Бочварски: Обезбедивме дополнителни 1.550 транспортни дозволи годинава за транспортерите
Министерството за транспорт и врски обезбеди дополнителни 1.550 транспортни дозволи за Турција, Италија и Бугарија со што даваме посебен инпут за развој на транспортната дејност во земјата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска присуствуваше на Традиционалната средба со превозници, организирана од асоцијацијата „Макам транс“.
На средбата со транспортерите, министерот Бочварски истакна дека за следната година се зголемува бројката на годишни ЦЕМТ за 240 повеќе од оваа година, односно за 264 месечни ЦЕМТ дозволи повеќе.
„Сакам да најавам дека за 2023 година ќе имате на располагање дополнителни 240 годишни ЦЕМТ дозволи и дополнителни 264 месечни ЦЕМТ дозволи. Или од моментално 1.440 годишни ЦЕМТ дозволи, за следната година ќе имаме на располагање 1.680 дозволи. Од сегашните 2.544 месечни ЦЕМТ дозволи, овозможивме 2.808 месечни ЦЕМТ дозволи. Исто така, би сакал да истакнам една многу значајна мерка, а тоа е дека ја изготвивме изменетата и дополнета уредба за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока. И да потенцирам дека на оваа уредба работевме заедно со вашата асоцијација“ – изјави министерот Благој Бочварски.
Тој додаде дека Македонија оваа година за првпат доби 3 илјади транспортни дозволи преку Организацијата за црноморска економска соработка со што се создадоа услови за олеснување на транспортот во земјите од црноморскиот регион.
Генералниот секретар на асоцијацијата „Макам транс“, Билјана Муратовска, во своето обраќање истакна дека Министерството за транспорт и врски е партнер на асоцијацијата со кое континуирано ја развива транспортната дејност во земјата.
На средбата министерот Бочварски упати честитки по повод 30-годишниот јубилеј од првото здружување на Превозниците и прераснување во асоцијација со која Министерството за транспорт и врски заеднички работи на подобрување на условите за работа на транспортните компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Се намалува цената на дизелот, на бензинот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 отсто во однос на одлуката од 27 ноември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302 проценти, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот намалувањето за 4,403 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096%
Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,963 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Cyber Monday – експлозија на неверојатни понуди во Mint Store
Ако мислеше дека Black Friday беше спектакл – подготви се, затоа што Cyber Monday во Mint Store доаѓа со уште поголеми изненадувања и најмодерни уреди што ќе ти го направат секојдневието полесно, попаметно и многу повозбудливо!
Cyber Monday во Mint Store е тука за да ја претвори вашата листа со желби во реалност. Заборавете на досадните понеделници, овој е денот кога технологијата доаѓа до вас со цени кои ја кршат границата на разумното!
Телефони што ја освоија 2025: Samsung S25 и iPhone 17 Pro
Кога се работи за премиум смартфони – има два незаменливи шампиони:
- Samsung S25 – за сите што сакаат супер камера, супер брзина и супер дизајн.
- iPhone 17 Pro – за оние што не прават компромис со перформанси, стил и елеганција.
И најдобриот дел?
И двата можеш да ги земаш до 36 рати, така што твојата нова технологија не мора да ја чека следната плата.
Cyber Monday е совршениот ден за техно надградба.
Tesla 50” – Голем екран, поволна цена, 0% камата
Време е за нов телевизор? Или само сакаш подобра слика за твоите серии, филмови или фудбалски дербија?
Во Cyber Monday понудата те чека Tesla 50” телевизор по неверојатна акциска цена од 22.000 денари, но тоа не е сè – можеш да го земеш и на 4 рати со 0% камата!
Тоа значи: нула грижи, нула камата, нула причини да го одложуваш апдејтот во дневната соба.
Лаптопи за секој твој план: MacBook Air 13.6” и HP 8C9Q5EA
Работа, факултет, или креација – што и да правиш, вистинскиот лаптоп секогаш прави разлика.
Овој Cyber Monday, Mint Store носи две врвни опции:
- Apple MacBook Air 13.6’’ – лесен, мощен, идеален за креативци и професионалци.
- HP 8C9Q5EA – супер перформанси по супер цена за секојдневни задачи, учење и работа.
И двата модели може да ги земеш на 4 рати со 0% камата, што значи дека твојот нов лаптоп доаѓа без дополнителни трошоци, само чиста вредност.
Зошто Cyber Monday во Mint Store?
- Ултра поволни услови
- Флексибилно плаќање на рати
- Најнови модели на телефони, лаптопи и телевизори
- Ограничени количини – најбрзите добиваат најдобри зделки!
Не чекај. Cyber Monday е само еднаш годишно!
Cyber Monday започнува и Mint Store е местото каде најдобрите tech deals стануваат реалност. Затоа што Cyber Monday кај нас не е само уште еден ден – туку искуство. Повеќе избор, подобри понуди, лесно плаќање на рати и услуга што е секогаш тука за тебе.
Подготви се. Избери паметно. Уживај во неверојатните понуди овој Cyber Monday.
(ПР)
Економија
Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.
Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.
„Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопштија од Народната банка.
Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.
Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

