Економија
Бочварски од Струмица со најава за нови капитални проекти за југоистокот
Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите за кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме особено значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета на Струмица.
„Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината, која има развиено мрежа од 40-ина километри, но и за целата индустрија во градот“, потенцира министерот Бочварски.
Тој заедно со градоначалникот на општината, Костадин Костадинов, изврши увид во изградба на канализацискиот систем во населеното место Банско, каде што преку буџетот на Министерството се вложуваат 42 милиона денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациска мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.
„Сакам да најавам дека оваа пролет почнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализациски систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многу значајно прашање за општина Струмица. Како Влада, силно сме посветени и во модернизација на патната мрежа кон Југоисточниот Регион. Досега инвестиравме над 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата. Исто така, сакам да најавам дека оваа година планираме да го рехабилитираме патниот правец Струмица – Дабиле за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари“, изјави Бочварски.
Најави изградба на експресен пат од Струмица преку Валанадово до Гевгелија, проект за кој документацијата е во завршна фаза.
Костадинов оценува дека со реализацијта на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

