Економија
(Видео) Андонов: За 26% зголемено производството на електрична енергија во 2022
За периодот од почетокот на 2022 година, па до 19-ти декември, во споредба со истиот период претходната година имаме зголемување на домашното производство на електрична енергија од ЕСМ и ТЕЦ Неготино за 26%, изјави на денешната прес-конференција во Владата, соработникот за енергетика, Виктор Андонов.
„ Имено, во истиот период во 2021 година ЕСМ и ТЕЦ Неготино произвеле 3.130 GWh електрична енергија, додека за истиот период оваа година ЕСМ и ТЕЦ Неготино произвеле вкупно 3.946 GWh електрична енергија. Очекуваме до крајот на годината производството на електрична енергија од ЕСМ и ТЕЦ Неготино да надмине 4100 GWh. Тоа значи дека целите кои Владата ги постави, на почетокот на енергетската криза се остваруваат. На самиот почеток основна заложба на целиот енергетски тим, беше да се зголеми домашното производство на електрична енергија и како што бројките тоа го покажуваат, се остварува.“ рече Андонов.
Тој го презентираше и дневниот енергетскиот биланс со којшто редовно и на дневна основа се информираат граѓаните.
„ Вкупното производство на електрична енергија изнесува 17.385 MWh, од кои во термоелектраните произведени се 11.897 MWh електрична енергија, а од обновливи извори 5.488 MWh електрична енергија. Со ова производство во целост задоволени се потребите за домаќинствата и малите потрошувачи, додека набавени се 1.120 MWh електрична енергија, за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата. Од секојдневните прегледи, може да се заклучи дека домашното производство е во пораст, додека набавките се намалуваат“ додаде Андонов.
Во однос на состојбата на енергетскиот систем, Андонов подвлече дека во моментот системот е стабилен, се следи состојбата и упати благодарност до сите вработени во ЕСМ и ТЕЦ Неготино за нивната посветена работа да ја обезбедат стабилноста на енергетскиот систем, кои секојдневно се наоѓаат во рудниците, во термоелектраните и хидроелектраните, а се соочуваат со огромен притисок предизвикан од енергетска криза која трае повеќе од една година.
„ Солидарноста е клучна за полесно надминување на кризата, за да им помогнеме на луѓето кои секојдневно ни ја обезбедуваат електричната енергија која ја користиме и во напорите што ги вложуваат, мора и ние секојдневно да вложиме напори и рационално да ја користиме електричната енергија, посебно сега во текот на овие постудени денови што ги имаме во декември и во месеците кои следуваат“ рече Андонов.
На крајот од своето обраќање соработникот за енергетика, Виктор Андонов рече дека во тој правец се и напорите што државните институции секојдневно ги прават, штедат сериозни количини на електрична енергија, согласно задолженијата кои Владата ги донесе во текот на септември годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

