Контакт

Економија

(Видео) Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе

Објавено пред

Македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДСМ и ДУИ која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ, истакна на денешната прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Минатата зима, кажа тој, имавме прогласено кризна состојба во енергетиката која поради незнаењето, криминалот, како и енормната партизираност на енергетските компании, не чинеше неверојатни 171 милиони евра, директни средства од Буџетот на Република Македонија, кои се префрлија во државната компанија- Електрани на Македонија.

Годинава, како што оценува, состојбата е уште полоша. За неполн месец увезена е електрична енергија за околу 20 милиони евра!

„Дека состојбата во ЕЛЕМ е алармантна доказ е и следното:

на 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат.

Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.

Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра.

Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13.000.000 евра а оваа година 20.000.000 евра, цели 7.000.000 евра повеќе“, прашува Антовски.

Лакомоста и криминалот во РЕК Битола, додава тој, не завршува тука.

„При реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен кои во рудниците во БРОД ГНЕОТИНО не се обезбедени, ниту пак некој ги контролира и истиот товар се наплаќа односно се фактурира неколкукратно. Испорачаната количина на јаглен е неколкукратно помала бидејќи се испорачува еден товар, а се наплаќа повеќепати, се наплаќаат повеќе фактури за истиот товар.

Директен резултат на ваквиот хаос е цената на струјата која ја плаќаат компаниите во Македонија, која е една од највисоките во Европа“, додава Антовски.

Потенцира дека електроенергетскиот систем е изграден со народни пари, кои сега, како што вели, безмилосно се трошат поради погрешното менаџирање и профит на поединци.

Економија

„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.

dobivaj vesti na viber

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.

„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.

„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.

Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.

Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!

Објавено пред

Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.

dobivaj vesti na viber

Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.

Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.

👉 Вашиот глас е важен!

Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.

AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.

Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) Царина со акција во Струга: запленети тутунски производи од малопродажен објект – избегната акциза од 509 илјади денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од...

Македонија28 минути

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Македонија1 час

„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за...

Топ1 час

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија2 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет3 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет4 часа

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет4 часа

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа4 часа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет4 часа

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија4 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија14 часа

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија17 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија21 час

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ22 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија23 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија23 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија23 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија24 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...